Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Столтенберг – Пендаровски: Шпекулациите за промена на граници не помагаат

0
By Нова ТВ on April 28, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 28, 2021 15:25

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, реагираше попладнево на шпекулациите кои произлегоа од наводните нон-пејпери за прекројување на границите на западниот Балкан и порача дека овие наводи не помагаат за стабилноста, јави дописничката на МИА од Брисел.

Столтенберг изјавата ја даде на прес-конференцијата по средбата со македонскиот претседател, Стево Пендаровски со кого се сретна изутринава.

-Не е на мене да коментирам нешто што не сум го видел или прочитал но секоја шпекулација за промена на граници само ќе донесе повеќе неизвесност и нестабилност во регионот, шпекулациите не се од помош, изјави шефот на северноатлантската алијанса.

Тој истакна дека стабилноста на западниот Балкан е од клучна важност за регионот како и за цела Европа и дека НАТО инвестира во безбедноста на регионот и преку своето присуство и преку политиката на отворени врати за нови земји членки.

Претседателот Пендаровски од своја страна изјави дека тој и во минатото предупредил против вакви опасни идеи на поделба по етничка линија во регионот и увери дека ниеден од неговите соговорници во ЕУ или во НАТО не поддржува вакви концепти какви што содржат наводните нон пејпери.

За македонскиот претседател е јасно дека лицата што стојат зад овие документи и сами се срамат од напишаното со оглед на тоа дека остануваат анонимни.
Што се однесува до билатералниот спор помеѓу Бугарија и Северна Македонија, генералниот секретар на НАТО ги охрабри двете страни да изнајдат решение и потсети дека Алијансата претставува платформа за дикусија.

-Секогаш имало разлики помеѓу сојузниците но ние сме и платформа каде се здружуваме и се ангажираме во дијалог, рече Столтенберг, потсетувајќи дека токму благодарение на лидерство во Скопје, Атина и Софија се постигнати договорите кои овозможија Северна Македонија да стане полноправна членка на Алијансата минатата година.

Првиот човек на НАТО нагласи дека Северна Македонија е висока вреднувана земја сојузничка во Алијансата како за нејзиниот придонес во мисиите и проектите на НАТО така и за нејзината заложба до 2024 година да постигне буџетска стапка од два отсто од бруто домашниот производ посветена на одбраната.

Претседателот Пендаровски ја потврди оваа заложба. Запрашан дали во време на пандемија тоа може да им претставува проблем на граѓаните, претседателот нагласи дека сите анкети покажуваат и натаму многу висока поддршка на граѓаните на Северна Македонија за НАТО.

-Во нашата комуникација со владата сме имале долги дискусии како да се распределат ретките ресурси помеѓу одбраната, економијата и здравството и пронајдовме добар баланс затоа што сите овие работи се поврзани. Одвоивме една милијарда евра за граѓаните и најранливите меѓу нив преку петте пакети на мерки и го зголемуваме буџетот за одбрана како што се заложивме пред почетокот на пандемијата од Ковид, рече Пендаровски.

Тој додаде дека според меѓународните анкети Северна Македонија е меѓу првите држави со висока поддршка за членство во Алијансата, рамо до рамо со некои од најстарите земји членки.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

ВЕСТИ June 2, 2026

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се…

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.