Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Столтенберг: Протоколот за Македонија во НАТО ќе биде потпишан во скоро време

0
By Нова ТВ on January 28, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 28, 2019 10:05

Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столенберг, изјави дека пристапниот протокол за влезот на Македонија во НАТО ќе биде потпишан во скоро време, јави дописничката на МИА од Брисел.

-Ќе го потпишеме пристапниот протокол во НАТО и тоа можеме да го сториме набрзо. За ратификацијата ќе треба повеќе време, сѐ зависи од 29-те парламенти, рече Столтенберг за Политико Европа.

Можно е веќе во текот на оваа недела, амбасадорите на земјите членки на НАТО да го потпишат протоколот. Некои земји членки како Словенија веќе добија зелено светло за ова, како што изјави словенечкиот амбасадор Јелко Кацин.

-Штом ќе го потпишеме пристапниот протокол, Скопје ќе седне на масата, рече Столтенберг.

Тоа значи дека Македонија ќе учествува како земја набљудувач во сите клучни формати на состаноците на Алијансата, но полноправна членка ќе стане само откако сите 29 парламенти ќе го ратификуваат пристапниот протокол.

-Минатиот пат ни требаше околу една година, изјави шефот на Алијансата коментирајќи го зачленувањето на Црна Гора во 2017 година.

Кацин има слична прогноза, македонското знаме би се веело пред седиштето на Алијансата во Брисел до крајот на оваа година, најдоцна на почетокот на 2020 година.

Димитров: За недела до две Македонија добива столче во НАТО

И шефот на македонската дипломатија Никола Димитров денеска рече дека македонија оваа недела или на почетокот на идната ќе го потпише Протоколот за НАТО, а на столчето во Северноатлатнскиот совет ќе седне штом Протоколот биде ратификуван во грчкиот Парламент.

– Оваа недела или на почетокот на идната треба да се потпише Протоколот за НАТО. Потоа тој треба да се врати во грчкиот Парламент на ратификација. Се надевам дека потоа сите наши пријатели, а меѓу првите е Литванија, ќе го ратификуваат Протоколот во нивните собранија. Штом се ратификува во грчкиот Парламент ќе го добиеме столчето во Алијансата. И тогаш стапуваат во сила уставните измени и другите одредби од Преспанскиот договор, рече Димитров на трибината во МНР организирана од Инфо центарот за евроатлантски интеграции на која присуствуваше и министерот за надворешни работи на Литванија Линас Линкевичиус кој е во официјална посета на Македонија.

Тој истакна дека министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе присуствува по првпат на состанок на министрите за одбрана на 13 и 14 февруари во Брисел, а тој како министер за надворешни работи во април на Министерскиот состанок на НАТО во Вашингтон.

Инаку, право на глас Македонија ќе добие штом се потпише Вашингтонската повелба на НАТО.

Според процедурите, Преспанскиот договор треба да биде испратен во ОН каде треба да добие потврда од Советот за безбедност дека е решен спорот за името.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.