Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стоматолошка комора: Ординациите фукционираат за итни случаи како секаде во светот

0
By Нова ТВ on April 23, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 23, 2020 13:25

Во состојба на пандемија со коронавирусот во свет секаде стомалогијата  работи само со итни случаи како една од најизложените на вирусот, велат во Стоматолошката комора

По многуте дилеми и прашања на граѓанитекога ќе се бидат отворени стоматолошките ординации, се огласи Стоматолошката комора со објаснување за состојбата.

„Oд моментот на прогласување на пандемија на глобално ниво од страна на СЗО, како и од моментот кога Владата на Република Северна Македонија започна со превземање на мерки за заштита на населението и се прогласи вонредна состојба од страна на претседателот Пендаровски,  Стоматолошката комора на Македонија е во постојана комуникација со Министерство за здравство и Комисијата за заразни болести со цел да се преадаптира, во тој момент постоечкиот стоматолошки здравствен систем во стоматолошки систем кој не само што ќе ги задоволи потребите за неопходна и итна стоматолошка услуга  на населението во услови на епидемијата со КОВИД 19, туку и сериозно ќе влијае на спречување на ширење на вирусот преку стоматолошки интервенции и на отварање на т.н.стоматолошки кластери потврдени во Кина, но и во некои од земјите во Европа.

Сакаме да Ве информираме, а воедно преку Вас да ја известиме и јавноста:

  1. Во секоја европска држава, а и во светот во услови на пандемија со КОВИД 19 стоматолошките ординации се:
  • комплетно затворени и нема ниту итни служби (на пр. Романија)
  • се отворени, но работат исклучиво итни стоматолошки состојби (на пр. Германија, Холандија, Унгарија и т.н)
  • сите стоматолошки ординации се затворени и се формирани Итни стоматолошки пунктови (на пр. Словенија на ниво на цела држава има само 7 (седум) пункта/ординации за целото население).
  1. Кога говориме за итна стоматолошка состојба во целиот свет, посебно во европските земји вклучително и во нашата држава се подразбираат само и исклучиво состојби кои може да доведат до сериозно нарушување на општото и оралното здравје на граѓанинот.

За итни стоматолошки состојби се сметаат поголеми крварења кои не сопираат за кратко време, фрактури/скршеници на заби или вилици, постојана забоболка која не се смирува со лекови против болка и состојби на оток, зголемена температура и тешко отворање на вилици од забно потекло.

За итни стоматолошки состојби не се сметаат  на пр. изработка на протетско помагало, лекување и пломбирање на заби, чистење на забен камен и сите други стоматолошки состојби кои во услови на нормално живеење реално и вистински  го отежнуваат животот и комфорот на граѓаните, но никако не се состојби кои треба да се третираат во услови на пандемија со КОВИД 19 кој се покажа како многу вирулентен и кој се пренесува исклучиво преку плунка и аеросоли кои се нормална појава при рутински стоматолошки интервенции.

  1. Во моментот во секој град во нашата земја, има Итни стоматолошки служби и кои секојдневно работа опремени за работа во услови за работа на итни, а не и за некомфорни стоматолошки состојби ( во Скопје на пример има во моментот секојдневно, вклучително и саботи и недели 11 ординации за итни стоматолошки случаи од кои некои работат и во три смени 24/7, како и секојдневно работат и 4 специјалистички ординации по орална хирургија).
  2. Секој граѓанин при било каков проблем задолжително треба да го контактира телефонски својот матичен стоматолог, кој најдобро му го познава забниот статус и кој е најодговорен во случај да треба да се укаже итна стоматолошка интервенција да го советува пациентот каде и кога да се јави кај дежурниот стоматолог во итната служба независно дали има осигурување или нема.

Како за крај, сакаме да Ве информираме дека Стоматолошка комора на Македонија од почетокот на сотојбата со КОВИД 19 има формирано Кризна група која секојдневно ги следи состојбите во сите општини  во државата, работата на итните служби, бројот на случаевите со следење на дневни извештаи, видот на дијагнозите за кои се бара Итна помош и сите информации ги споделува со министерство за здравство.

Исто така, на ниво на национални офицери во рамки на Светската стоматолошка асоцијација /FDI  Комората ги следи сите случувања во светот поврзани со стоматолошката здравствена заштита и сите препораки, протоколи, најнови сознанија и искуства ги споделува и со своите членови, Министерстсво за здравство, Комисијата за заразни болести, како и со сите медиуми со цел да сите релевантни информации да стигаат и до населението во нашата држава.

Поради тоа сакаме со дописот да Ве упатиме  за подобро информирање на јавноста на  сите релевантни информации на нашата веб страна (www.skm.mk ), на нашиот службен меил (skm@skm.mk)  и нормално на членовите на Кризната група на Комората кои се спремни во секој момент да Ви дадат точни и релевантни информации за комплетното функционирање на Итните стоматолошки служби во чие функционирање  учествуваме активно со задолжение од министерство за здравство“, се вели во соопштението од Стоматолшката комора на РСМ.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.