Од Славија па се до зградата на претставништвото на Србија, на повеќе објекти испишани се графити „парада нема да има“, „стоп за парадата“, „стоп за парадата на срамот“, пренесува српска „Бета“. Сите графити се испишани со црн спреј.
Претседателот на владата на Србија и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ вчера напомена дека безбедносната проценка, од која ќе зависи одржувањето на парадата, ќе биде изнесена најкасно 24 часа пред собирот.
Според „Бета“, Дачиќ ќе се врати во сабота од посетата во Грција доколку парадата биде одобрена.
Движењето „Двери“ во сабота, на денот на парадата ќе организира протест, против владата на Србија и против Парадата на гордоста.
Организаторите на парадата изразија надеж дека парадата на 28 септември ќе се одржи, но и дека стравуваат за нејзина забрана.
Министерот без ресор, задолжен за европските интеграции на Србија, Бранко Ружиќ, за Б92 изјави дека доколку Парадата на гордоста се одржи, ќе присуствува како министер со своите граѓани а не како Бранко Ружиќ, и тврди дека нема несогласувања во СПС по прашањето за настанот.