Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стоп за шпионажата: Гугл и Мајкрософт му објавија војна на Вашингтон

0
By Нова ТВ on December 9, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 9, 2013 17:13

Осум истакнати технолошки компании, поттикнати од откритијата дека владата ги шпионира нивните клиенти и ги прибира нивните податоци се огласија со јавна кампања против владиното шпионирање со намера ја поправат штетата по нивната репутација. Гугл и Мајкрософт се предводници на кампањата чија цел е да се притисне претседателот Обама и Конгресот за да се постават нови граници во следењето на комуникациите од страна на владата.

Денеска Гугл и Мајкрософт заедно со Јаху, Епл, Фејсбук и Твитер во влијателните национални весници, меѓу кои и Њујорк Тајмс, го објавија својот план за регулирање на онлајн шпионажата и ја повикаа САД да поведе светска кампања за ограничување на можностите на владите во шпионирањето и следењето.

Ова е една ретка ситуација кога овие компании, често ривалски, зборуваат во еден глас со намера да извршат притисок врз владата. Американските експерти велат дека целата ситуација е далеку од наивна и безначајна ако се има во предвид дека директорите и основачите на овие компании често се барани како политички донатори и оттука, формираат моќна лоби група која се повеќе му покажува „мускули“ на Вашингтон.

“Во нивниот бизнис и економски интерес е да се заштити приватноста на нивните корисници и и агресивно да се инсистира на промени. Програмите на НСА за масовен надзор постојат од едноставна причина, а тоа е соработка со технолошките и телекомуникациските компании. Ако овие компании одбиваат да соработуваат, тогаш тие ќе бидат принудени да започнат значајни реформи во сферата на следењето”, вели Тревор Тим , активист на фондацијата „Електронска граница“.

Технолошките компании со ова отвораат трет фронт во битката против владиниот надзор, која ескалираше со неодамнешното обелоденување дека владата шпионирала без знаење на компаниите.

“Луѓето нема да користат технологијата во која немаат доверба. Владите е таа која ја стави довербата на ризик и владата треба да направи се за таа да се врати“, вели Бред Смит, генерален советник на Мајкрософт.

Извор: Њујорк Тајмс

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.