Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стопанска комора реагира што Собранието носи по итна постапка закон за работни односи

0
By Mirjana on April 11, 2022 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: Денар
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

И покрај тоа што не се усвои да биде разгледан по скратена постапка, Предлог законот за работни односи поднесен од Левица на 68-та собраниска седница што се одржа на 5 април, сепак ова беше доволен аларм што ја поттикна Стопанската комора со допис кој веќе е стигнат до архивата на Собранието, да реагираат до спикерот Талат Џафери не за суштината на предлогот, колку за процедурата односно начинот со кој воопшто се отвара можноста по скратена постапка да се туркаат работите. Од Стопанската комора бараат сферата на работните односи, посебно во услови за стопанисување како актуелните, да се третира на транспарентен и инклузивен начин во кој би биле вклучени сите засегнати страни, бидејќи штетите од носење закон кој не е плод на потребите на сите страни, може да предизвика далекусежни последици по бизнисот а со тоа и врз работниците.

Од Комората, во име на своите членки кои обезбедуваат 50,3 проценти од вкупниот приход, 47,6 проценти од нето добивката и 33,7 проценти од вработените во приватниот сектор, потенцираат дека не смеат да се носат измени и дополнувања на системски закони без дијалог со засегнатите страни, стои во соопштението.

Со измените, како што појаснуваат, е предложено намалување на максималната горна граница за склучување на договори за вработување на определено време од 5 години на 6 месеци и намалување на крајниот рок за исплата на платите, односно наместо до 15-ти во месецот, платата да се исплаќа до 5 во тековниот за претходниот месец, наведуваат од Комората.

Со слична реакција излегоа и од Конфедерацијата на работодавачи. По малку резигнирани дека последните 4 месеци речиси и да немало никаква активност поврзана со предлог измените на Законот за работни односи и доколку некоја партија има амбиција да го унапреди текстот, предлозите да ги достави или до нив или до Економско социјалниот совет, вели Миле Бошков од Конфедерацијата на работодавачи.

– Ова тотално не изненади и нас. Партиите треба да знаат дека измените на Законот за работни односи се работат низ работни групи од 2017 година наваму. Стигнати сме до 217 член и речиси сме на крајот, но последниве 4 месеци речиси и да немаме ништо на овој план а ние како Конфедерација за наредниот месец имаме закажано 4 работилници  на работните групи.Имаме забелешки од наша страна и во однос на пријавувањето на определено време за тоа дека има многу процеси во економијата кои не се завршуваат со 6 месеци работен однос. Нашиот конкретен предлог односно од здруженијата на работодавачи е договорите на определено да се од три години па нагоре никако под три години а друга забелешка се однесува на Договорите на дело кои спаѓаат под Законот за облигациони односи а не под Законот за работни односи што би можело да генерира правни нејаснотии, вели Бошков од Конфедерацијата на работодавачи.

(М. Трпческа) 

 

 

 

 

Закон за работни односи Конфедерација на работодавачи Стопанска комора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.