Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стоте дена на Орце

0
By Zoran Ivanov on February 20, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 20, 2026 23:41

Но транспарентност не е да се направи пи-ар објава, да се разлета дронот, и самиот да си каже што работи, туку да одговори на прашањата на народот. Не може за 100 дена да одржи само една прес-конференција, па и таа со повод. Не може само да се …

Анета Стојковска

Главното прашање е кому му беше наменет отчетот – на тие што го предложија или на тие што го избраа на местото каде што е сега? Дали костумосаните министри, пратеници, советници, вмровските градоначалници на другите општини, роднините и пријателите се вистинската публика за давање отчет?

Во државава каде што секој ден ни е ново изненадување, отчет за 100 дена работа на градоначалник стана свечен чин. Па, така, актуелниот прв човек на Скопје Орце Ѓорѓиевски изнајми сала во Филхармонија, водителка, пејачи… Се испеа химната, неколку патриотски песни и потоа градоначалникот си го исчита тоа со што сакаше да се пофали дека го сработил во изминатиот период откако го „презеде“ градот, им се заблагодари на тимот, на советниците и секако, како што е редот, на премиерот и – претставата заврши.

Колку пари се потрошија за овој многу свечен момент речиси сигурно нема да дознаеме, затоа што за градоначалникот веројатно тоа се прашања што не заслужуваат одговор во споредба со придобивките и расцутот што Скопје го доживува во последниве нешто повеќе од три месеци.

Главното прашање е кому му беше наменет отчетот? На тие што го предложија или на тие што го избраа на местото каде што е сега? Дали костумосаните министри, пратеници, советници, вмровските градоначалници на другите општини, роднините и пријателите се вистинската публика за давање отчет? За градоначалникот изгледа е така. Рака на срце, беа поканети и медиуми, но на еден ваков настан ним не им преостана ништо друго освен да ја гледаат претставата без можност да постават прашање.

Што ќе фалеше да се одржи еден обичен прес за 100-те дена како што тоа во минатото го правеа сите други градоначалници пред него? Пред сѐ, затоа што 100 дена не се 100 месеци или 100 години, како што самиот истакна деновиве. За толку кусо време можеа само да се започнат или да се продолжат или да се „откочат“ проектите со кои, како што милува да каже Ѓорѓиевски, ќе се врати достоинството на „неговиот“ народ, затоа што тој тоа го заслужува. Што од тоа ќе се заврши и ќе се реализира, ќе се знае по 1.340 дена, кога ќе му заврши мандатот.

На отчетот во Филхармонија го немаше токму народот, дури ни оние што на секоја објава на социјалните мрежи на Ѓорѓиевски му викаат „браво“ и „само напреТ градоначалнику“. Тие и онака се задоволни со она што тој им го соопштува на Фејсбук, а што според него е транспарентност.

Но транспарентност не е да се направи пи-ар објава, да се разлета дронот, и самиот да си каже што работи, туку да одговори на прашањата на народот. Не може за 100 дена да одржи само една прес-конференција, па и таа со повод. Не може само да се посочуваат проекти откако ќе започнат без присуство на медиуми, да се информира отпосле и колку што тој сака да каже. Ни збор повеќе ни збор помалку. Нема брифинзи, нема најави дека некаде ќе присуствува, само повремени изјави. Тоа ли е таа транспарентност што ја ветуваше и по која ќе се разликуваше од неговата претходничка? Па и Данела информираше само по Фејсбук.

Транспарентноста која всушност е комплетна затвореност кон јавноста (со исклучок на телевизиите оти сите градоначалници многу ги „сака“ камера) стана манир на работа на сите први луѓе на скопските општини. Оние на кои им поминаа стоте дена самите си се сликаа и си закачија објави на социјалните мрежи за тоа колку многу сработиле. Најмалку по три проекти дневно. Другите веројатно сè уште се мислат дали да тргнат по стапките на Орце или скромно да го одбележат овој јубилеј.

А, всушност, секој од нив треба сериозно да се фати за работа, наместо да се слика и снима и да се занимава со ПР-агенда. Изборите завршија пред три месеци, наредните се по речиси четири години. Има време за себепромоција, сега треба да се работи. И да им се одговара на граѓаните. Отчетно и транспарентно, ама не само на зборови. Да остават луѓето сами да забележат дека нешто подобро се прави од порано.

Патем, навистина ми е жал што не им се вклопија агендите на Ѓорѓиевски и на Мицкоски. Токму на големиот настан за 100-те дена, не присуствуваше премиерот. Тој даваше интервју, а на отчетот беше само неговата сопруга. Не ми е јасно како на Орце можело да му се случи ваков превид.

Текстот е сопственост на Слободен печат.мк

 

анета стојковска кјолумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
ФОКУС
April 23, 2026Updated:April 23, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

ВЕСТИ April 23, 2026

Под мотото „Договорите не се поништуваат. Уметниците не се понижуваат“, Синдикатот на култура иницира нов…

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.