Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стотици луѓе го прегрнаа ГТЦ за да го спасат од барокот

0
By on June 14, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Со паролите „Не го даваме градот, градот е наш!“ и „Го сакам ГТЦ!“, стотици луѓе се собраа попладнево во Градскиот трговски центар, на протестот против намерата тој да се претвори во барокна зграда.

Професори, студенти, уметници, невладини, но најмногу граѓани на Скопје од сите генерации. Тие ја потпишуваа петицијата за спас на Трговскиот центар, а потоа држејќи се за раце, формираа жив штит, симболично прегрнувајќи го главното обележје на модерно Скопје, за да го одбранат од барокот.

Меѓу демонстрантите ја пронајдовме Лидија Марковска, една од проектантите на ГТЦ, таа вели дека градбата на ГТЦ е таква што е невозможно да се подигаат столбови – тоа нема да го издржи конструкцијата, вели Марковска. Таа од стручен аспект објаснува зошто е невозможно ГТЦ да се претвори во сосема друга градба.

Инаку, Марковска е добитник на високата државна награда „11 Октомври“, токму за работата на ГТЦ, на протестот попладнево ја донесе и плакетата, вознемирена раскажуваше дека веста за барокниот ГТЦ, кај неа предизвикал шок и неверување.

Пред граѓаните говореа професорите Митко Ралев, Елизабета Аврамовска, Небојша Вилиќ, Мартин Гулевски, Никос Чаусидис и претседателката на ААМ, Даница Павловска. Тие говореа за своите спомени од ГТЦ, за нетранспарентниот начин на кој е направен конкурсот за промена на објектот. Покрај архитектонските и културните вредности на ГТЦ, сите го истакнаа идентитеското значење на овој објект за Скопје и уште повеќе за сите негови граѓани.

На протестот со граѓаните дојде и Андреј Жерновски, градоначалникот на Центар, кој во живиот штит околу Трговски си ја најде и сопругата.

До вечерва на петицијата против барокен ГТЦ се потпишале повеќе од 4 илјади граѓани. Претседателката на ААМ, Павловска најави дека со потпишување на петицијата ќе се продолжи идниот петок.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.