20-тина куќи изгореа во голем пожар кој околу 2 часот по полноќ избувнал во скопската населба Циглана.
Нема повредени, но причинета е голема материјална штета потврдија од Противпожарната бригада на град Скопје, јавува Канал 5.
Пожарникарите заедно со жителите го гаселе пожарот, но пламените јазици брзо се ширеле низ куките кои се речиси залепени една до друга.
Граѓаните кои останаа без своите домови за Канал 5 говореле за паниката која настанала кога среде сон биле разбудени со веста дека пожарот се наближува до нивните домови.
Ги земале децата веднаш излегле од куќите и како што раскажуваат, не успеале дури ни облека со себе да земат.
Се прашувале каде ќе ја минат ноќта, бидејќи пожарот целосно ги опустошил нивните домови.
и апелираат до надлежните да им помогнат.




