НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стратешкиот дијалог со САД е одлична вест, но на Македонија итно и е потребна Европа

0
By Соња Крамарска on May 9, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија забрзано се подготвува за стратешкиот дијалог со САД закажан за 2 јуни – најави шефот на дипломатијата Бујар Османи. Информациите за средбите во Вашингтон, Османи им ги откри на новинарите во саботата на 7 мај, датум кога пред 14 години беше потпишана Декларацијата за стратешко партнерство меѓу Македонија и САД. Тоа, пак, што пропушти да каже министерот а е од големо значење е дека стратешкото партнерство со САД во 2008 година беше воспоставено за да се намали штетата по неуспехот во Букурешт, кога нашата земја во последна минута беше изоставена од групата држави кои влегоа во НАТО.

Освен за Македонија овој настан беше и голем неуспех за американската политика на Балканот, затоа што неколку часа пред да почне самитот на НАТО во Букурешт, американскиот претседател Џорџ Буш веќе ја прогласи Македонија за нова членка на НАТО, заедно со Хрватска и Албанија.

Шокот што настана по веста дека Грција сепак опстои на ветото, беше причина Буш да ги смени плановите за враќање во САД и од Букурешт да слета на неколку часа во Загреб, каде го повика македонското државно раководство на средба и договор за натамошните чекори. Од таа средба на која еден учесниците беше и сегашниот претседател Стево Пендаровски како советник за безбедност на тогашниот претседател Бранко Црвенковски, всушност произлезе предлогот за стратешко партнерство меѓу Македонија и САД како замена за членството во НАТО кое беше и наш, меѓутоа и висок американски интерес, за да се пресретне ширењето на руското влијание по гневот и разочараноста на македонската јавност.

Во тогашниот и во денешниот процес има многу разлики и сличности, но доминираат сличностите. И тогаш како и денес тоа беше претставено како голем успех на македонската дипломатија. Меѓутоа, околностите под кои се склучуваа договорите и се водеа разговорите кажуваат друго: Америка стои зад Македонија и во добро и во лошо, но најчесто во лошо како сега кога европската бирократија мижи пред уцените и притисоците на кои е изложена нашата држава од своите најблиски соседи. Во 2008 тоа беше Грција, денеска е Бугарија земјата која истрела торпедо врз евроинтеграциите на Македонија по што е се поизвесно дека и во јуни нема да почнеме преговори за членство во ЕУ.

Она што е различно, пак, во денешната ситуација е војната во Украина и длабоката поделеност во Македонија на про-руско и анти-руско население, но во корист на првите, што во комбинација со европското „не“ може да ескалира во закана за американските интереси во земјава и во регионот. Оваа опасност САД се обиде да ја пресретне на два начини: ставањето на црна листа на Груевски и Мијалков како одговор на разочараноста на јавноста во Македонија дека тие не платија доволна цена за политичките злосторства, и со стратешкиот дијалог на 2 јуни кој треба да го зајакне профилот на САД во Македонија и да превенира натамошно ширење на проруското расположение. Овој чекор на САД несомнено е изнуден и со растот на незадоволството во земјава кон проевропската Влада која веќе добива отворени критики дека е оставена на цедило од ЕУ и САД по промената на името која требаше да го отвори патот и кон евроинтеграциите.

Коментирајќи го за Нова овој најнов развој на односите меѓу Северна Македонија и САД, поранешниот амбасадор во САД Васко Наумовски, кој во своето портфолио го имаше и секторот за евроинтеграции вели дека стабилна и обединета Европа е меѓу клучните надворешно политички приоритети на САД, а во таа насока е, додава тој, и поддршката што во континуитет ја добиваме за нашата европска интеграција.

„Нашето партнерство во НАТО ги продлабочи билатералните односи, што се надополнуваат во повеќе области, особено во контекст на актуелните безбедносни предизвици“, истакнува Наумовски притоа посочувајќи дека Вашингтон нема да биде само набљудувач во спорот со Бугарија туку ќе ја јакнат својата улога на посредник во сенка.

„Охрабрувањата од страна на Вашингтон за надминување на спорот со Бугарија ќе продолжат на повеќе нивоа, и со европските институции, но и на билатерално ниво со Бугарија, и со Франција како актуелен претседавач со ЕУ. Овие два процеси – европеизацијата на Балканот и новите нивоа на нашата соработка со САД се комплементарни, кои ги нагласуваат интересите на САД на Балканот, а се насочени и кон зацврстување на транс-атлантското партнерство“, ни рече Наумовски.

За Македонија како што вели министерот Бујар Османи е голем успех што ќе биде, подвлекува тој, првата земја од Западен Балкан која ќе одржи стратешки дијалог со САД. Во фокусот на разговорите на 2 јуни во Вашингтон, како што појасни министерот, ќе бидат одбраната и економската соработка, трговијата и инвестициите, енергетика, транспорт, борба против корупцијата, владеење на правото. Со еден збор овие разговори личат на подготовка на Македонија со својот ментор САД за преговарачките поглавја со ЕУ, бидејќи тие ги содржат токму темите за кои ќе преговараме со Брисел.

Глигор Ташковиќ, американец со македонско потекло кој беше министер за странски инвестиции 2006-2008 година и кој постојано работи на унапредување на македонско-американските односи, во изјава за Нова вели дека двете земји имаат многу теми за разговор и дека Македонија треба да ја искористи шансата за фаќање на приклучок со светската наука и да предложи партнерство со САД во науката. Тој додава и дека стратешкиот дијалог е прилика САД да се поттикнат да инвестираат во Фондот за иновации за тој да прерасне во Фонд за развој на бизниси какви што се развија со американска помош во другите земји од соседството.

„Всушност Македонија и денес како и во времето кога бев министер се обидува да седи на столче со две нозе – од кои едната се САД а втората се ЕУ. Мое мислење е дека за подобар баланс земјата треба да си пробие пат до државите од Среден Исток како што се Израел, Оман, Обединети Арапски Емирати, Кувајт, кои би биле третата нога на столчето која ќе и обезбеди на Македонија поголема стабилност и сигурност“, вели Ташковиќ.

Северна Македонија и САД веќе постигнаа повисоко ниво на партнерство стапувајќи во сојузнички односи преку влезот на нашата земја во НАТО, кој обезбеди уште поголема видливост на САД меѓу другото и со блиската воена соработка која Вашингтон ја одржува како свој важен надворешно-политички и безбедносен приоритет. Во услови на воено-политичката неутралност на Србија кон НАТО и разногласието во официјалната политика на Бугарија во однос на руските воени дејствија во Украина, Македонија е навистина еден од најдоверливите партнери и сојузници на САД во регионот.

Меѓутоа, вреди и да се потсетиме дека САД и покрај силните напори не успеаја цели десет години да го скршат отпорот на Грција за членство на Македонија без промена на името, што преведено на политички јазик не е охрабрувачки податок за надежите на овдешната јавност дека стратешкиот дијалог со САД може да биде катализатор на патот на Скопје кон Брисел и тоа во услови кога почетокот на преговорите е единствената карта на која игра Северна Македонија.

Соња Крамарска

Бујар Османи Васко Наумовски Глигор Ташковиќ стратешки дијалог со САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.