Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стравот на ВМРО-ДПМНЕ од „нон-пејпер“

0
By Marija Todorovska on January 23, 2024 КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кога станува збор за измислени „нон-пејпери“, во ВМРО-ДПМНЕ се искусни по ова прашање зашто со такви измислици кои никогаш не беа докажани ја „инфицираа“ јавноста и за време на преговорите со Грција за решавање на спорот со името, и за време на чувствителните преговори со Бугарија…  

Зоран БОЈАРОВСКИ / Рацин.мк

Едноставно е прашањето за ВМРО-ДПМНЕ: Дали во првите шест месеци од вашиот мандат, се разбира – доколку победите на изборите, ќе спроведете уставни измени или не?

Обично прашањата што почнуваат со „Дали“ се одговараат со „Да“ или „Не“, но не во случајот на оваа партија. Они прво ќе напишеле писмо до Софија и од Бугарија ќе барале промена на преговарачката рамка. Дури да добијат одговор на писмото ќе поминат не шест месеци, туку најмалку 6 години, бидејќи, како прво Софија не е адресата за тоа писмо, а како второ, откако писмото ќе му биде вратено на испраќачот, ќе треба да ја најдат адресата на Европската Комисија во Брисел. А таму ги паметат навредите што оваа партија, сред македонското собрание, местото на демократијата, кога ја навредуваа претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен и кога претставниците од ЕУ ги прогласија за нацисти. И тоа за време на посетата на претседателката на ЕК на која таа од собраниската говорница рече дека „македонскиот јазик е ваш јазик и ние целосно го почитуваме тоа. Вашиот национален идентитет е почитуван“ и дека „Европа не е целосна без Република Северна Македонија“.

Затоа на претседателката на ЕК, за време на наредните посети ни на крај памет не ѝ падна да се сретне со било кој од оваа партија, а како еден од ретките соговорници на ВМРО-ДПМНЕ меѓу лидерите на ЕУ остана само унгарецот Виктор Орбан.

Во меѓувреме, додека на домашен терен се зајакнуваат активностите во пресрет на изборите, актуелниот владин состав е фокусиран на намалување на штетите предизвикани од блокадите на ВМРО-ДПМНЕ во процесот за евроинтеграција. Во таа насока беше организирана и средбата на лидерите од Западен Балкан со претставници на ЕУ и на САД за да започне утврдувањето на приоритетите за максимално искористување на придобивките од Планот за раст на регионот за кој Брисел „резервираше“ 6 милијарди евра.

Тој план секако ќе започне да се спроведува, а неговото прифаќање и посветеноста на секоја од земјите од Западен Балкан ќе биде „тест на зрелоста“ за земјите од регионот, оцени премиерот на Албанија Еди Рама.

Во духот на неговата луцидност, Рама уште рече дека „ако сакаме ова да успее треба да се заборави историјата и боите на нашите знамиња и единствено знаме кое треба да ја предводи оваа иницијатива е знамето на ЕУ.

Ова повторно не враќа на мантрите на ВМРО-ДПМНЕ за „загрозеноста“ на македонскиот јазик и идентитет, иако тоа е веќе апсолвирано прашање за ЕУ и за отворените умови. Но за оваа партија тоа е едно од најпосакуваните прашања кое треба, според нив, да биде постојано отворено за да се профитира од наводната загрозеност на „македонштината“ и од потребата токму таа партија да се прикажува како чувар на македонското достоинство. Се разбира на сметка на европската иднина на земјата.

Најново од нивните лаборатории за пропаганда и создавање погрешни перцепции е и најновата „патка“ дека Американците им поставиле ултиматум на партиите на Албанците во Македонија со „нон пејпер“ со кој ќе се обвразат да не коалициираат со партија што во следните шест месеци по изборите нема да спроведе уставни измени.

За да ја афирмираат оваа небулоза, освен што ја пуштија „патката“ низ социјалнире мрежи, се обидоа и да ја „исперат“ медиумски на прес конференцијата на американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија Џејмс О’Брајан и на премиерот Ковачевски.

О’Брајaн рече дека не знае ништо за тоа, а неговиот одговор беше прва вест кај огромен број од медиумите во земјата.

„Ми кажаа дека ќе ме прашаат за нон-пејпер. Не знам за нон-пејпер и би сакал да се задржам на она што го кажав во ноември кога бев во Скопје, како и денеска. Сметаме дека граѓаните на Северна Македонија треба да решат за патот за напредок. Мислам дека една партија (СДСМ, н.з.) даде предлог за напредок и трпи критики затоа што некои луѓе го сакаат или не го сакаат. Друга партија (ВМРО-ДПМНЕ, н.з.) ветува дека ќе изнајде начин за патот напред и мислам дека можеби е фер граѓаните да побараат од таа партија да понуди нон-пејпер во кој ќе објасни која е нејзината визија и потоа ќе можете да решите меѓу визијата која ја знаете и нешто што е ветување“.

О’Брајан ја фрли ракавицата, но на сите им е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ нема м…, пардон капацитети, да прифати еден таков предизвик и да каже отворено како мисли да реши едно од најважните прашања за иднината на земјата – процесот за членство во ЕУ, кој токму тие го блокираа.

Американскиот помошник државен секретар беше уште поконкретен за ова прашање, за пристапот и однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ во интервјуто за МИА и потенцираше дека „изборите претставуваат јасен избор помеѓу луѓе кои имаат пат кон Европа и луѓе чие минато покажува дека не се заинтересирани за пристапување во ЕУ“.

Појасно и поотворено – здравје.

А дека О’Брајан е во право кога на ваков начин го анализира и чита однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ, сведочи и блиското минато. ВМРО-ДПМНЕ и за Преспанскиот трубеше дека ќе го ревидира, па си легна на брашно откако меѓународните фактори им укажаа дека тоа е политички аматеризам или коцкање без основа и апсолутно без перспектива.

Инаку, кога станува збор за измислени „нон-пејпери“, во ВМРО-ДПМНЕ се искусни по ова прашање зашто со такви измислици кои никогаш не беа докажани ја „инфицираа“ јавноста и за време на преговорите со Грција за решавање на спорот со името, и за време на чувствителните преговори со Бугарија…

Единствено што не е измислено, туку е факт, е дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да се осмели и да излезе со јасен став како мисли да ја реши блокадата на евроинтеграцискиот процес, а тоа да личи на разумен, остварлив и прифатлив начин. Макар било тоа и со нон-пејпер.

Бугарија ВМРО-ДПМНЕ Грција Зоран Бојаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.