Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стразбур: Новите европратеници почнаа со работа, кандидатите за претседател на ЕП ги изнесоа своите ставови

0
By Zoran Ivanov on July 16, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 16, 2024 12:36

Новоизбраните европратеници денеска почнаа со работа во Стразбур – прва точка на дневниот ред е изборот на нов претседател на Европскиот парламент. За функцијата има двајца кандидати – актуелната претседателка Роберта Мецола (Европска народна партија) и Ирене Монтеро (Левица).

Во својот говор пред гласањето, Мецола се изјасни за поголема моќ на ЕП, дека ќе се бори против злоупотребите во институцијата и да ја поддржи Украина.

Европа е место на помирување, еднаквост, слобода, демократија, можности, владеење на правото и напредок, рече таа.

Таа и посочи дека ЕП треба да го премости јазот помеѓу она што го прави ЕУ и она што луѓето го очекуваат. Мецола вети дека ќе се бори за правото на ЕП на законодавна иницијатива и додаде дека европратениците треба да можат да ги отфрлат законите со кои не се согласуваат.

ЕП мора да се зајакне, искрено и отворено, инсистираше таа. Нема да бегам од тешки одлуки“, додаде Мецола.

Ирене Монтеро зборуваше за мир во Европа и предложи ЕУ да воведе санкции за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, како што тоа го направи против рускиот претседател Владимир Путин, кого таа го нарече „злосторник“.

Монтеро рече дека нејзината кандидатура е во одбрана на мирот во Европа и правата на работниците. Според неа, „наметнат е воен консензус“ во ЕУ и војната во Украина е резултат на воените цели на САД.

Војните секогаш водат до страдање за луѓето, денес многумина не можат да ги покријат своите трошоци, а ограничувањата на буџетските трошоци се враќаат, мирот е најважното нешто за Европа“, додаде таа.

Европа треба да ги поддржи синдикатите и повеќе права за работниците, милитаризирањето на Европа ќе го влоши енергетскиот проблем.

Сакаме Европа да не биде расистичка, миграциската политика не може да зависи од состојбата на пазарот на трудот, истакна Монтеро.

Таа инсистираше на тоа дека случаите како „Катаргејт“ – истрага која откри корупција меѓу европратениците во интерес на Мароко и Катар – не треба да се повторуваат.

По говорите на Мецола и Монтеро, почна гласањето, а новиот претседател на ЕП ќе биде објавен подоцна денеска.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 27, 2026

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

ВЕСТИ April 27, 2026

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, предупреди дека без уставни измени нема вистински…

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

April 26, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.