НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нема лекарска грешка во случајот со родилката од Дебар

0
By Biljana on May 27, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пропусти во евиденцијата во струшката болница констатирала Комисијата за здравство што го испитуваше случајот со родилката од Дебар Јилдз Веапоска, која по породувањето со царски рез, дома си заминала без матка, јајник и бубрег.

Извештајот од стручниот надзор на Комисијата стигна денеска, а во него хронолошки е опишан целиот тек на лекувањето.

„Пациентката на 27.08.2020 се јавила во ЈЗУ ОБ Струга на Одделението за гинекологија и акушерство каде и е извршен прием заради завршување на бременоста. Кај пациентката е направен царски рез и е добиен жив женски плод. Пациентката, ноќта се жали на болки во стомакот, повикан е анестезиолог, направена е крвна слика и дадена и е терапија. Во постоперативниот тек пацинетката е следена интезивно од страна на медицински тим гинеколози и анестезиолози во струшката болница.

На првиот постоперативен ден (28.08.2020) состојбата на пациентката е стабилна, но од крвните анализи се воочува редукција на крвната слика, а целиот лекарски тим постапува по сите протоколи и доктрини, дадена и е терапија, но анализите покажуваат пад на хемоглобин. Вториот постоперативен ден пациентката е стабилна со уредни параметри, таа била активна и подвижна, на пацинетката и е направена контролна крвна слика. Третиот постоперативен ден на утринската визита пацинетката е исто така во стабилна општа состојба со уредни витални параметри, уредна темература, контролната крвна слика покажува пад на хемоглобин и на еритроцити. Четвртиот посоперативен ден, пациентката била со стабилни витални параметри, уреден наод и затоа е одлучено да се испише. Пациентката била под медицински надзор, гинеколког-акушер и анестезиолог, во текот на целиот престој во болницата на ЈЗУ ОБ Струга.

Четвртиот ден кога пациентката е подготвена за испис, со препишана терапија и закажана контрола за три дена кај истата состојбата нагло се влошува се појавува тахикардија, хипотонија и клиничката слика укажува на хеморагичен шок, има состојба со изразито низок хемоглобин, што било индикација за итна интервенција. Веднаш итно се реагира, поради крварење се пристапува кон отворање на абдоменот. Увидено е дека крварењето е во дел од стомакот каде се наоѓаат репродуктивните органи и бубрезите, како би се спречило крварењето се пристапува кон вадење на матката и левиот јајник. Крварењето не запира, повикан е конзилијарен хирург и е утврдено дека лево ретроперитонеално има хематом што довело до сомнение за крварење во пределот на бубрегот. За да се спречи крварењето e пристапено кон отстранување на левиот бубрег, како би се спасил животот на пациентката.

Сериозноста на состојбата се гледа и по анестезиолошките листи на дадена терапија (10 единици крв и 9 свежи смрзнати плазми). Пацинетката била во животозагрозувачка состојба поради обилното крвавење, а лекарите успеале да ја одржат во живот.

Комисијата заклучи дека вакви компликации при гинеколошко акушерски операции е ретка, но сепак се случува. По завршувањето на оперативниот третман, заради нестабилност на општата состојба на пациентката и поради потреба од итна реанимација, лекарите од струшката болница ги консултирале колегите анестезиолози од КАРИЛ и одлучено е пациентката да се транспортира во Скопје. По префрлање на пациентката во КАРИЛ направена е КТ на абдомен и е поставена индикација за итна ре-реинтервенција од страна на уролозите од Клиника за Урологија по што состојбата на пациентката се стабилизира и таа е испишана во добра општа состојба.

Комисијата за здравство констатирала оти постои несовпаѓање со пропусти во ЈЗУ ОБ Струга во однос на евиденцијата, односно дека постои несовпаѓање во напишаните податоци на плодот на новороденчето на родилката. Во врска со предлог за определување на мерки за отстранување на недостатоци, неправилности или пропусти во роковите за нивно спроведување – Комисијата не констатира недостатоци, неправилности или пропусти во здравствената установа“, се навдува во извештајот на Комисијата.

Комисијата била составена од 7 члена, а ималае задача да изврши надзор над стручната работа на ЈЗУ Општа болница во Струга во врска со општата состојба и лекарскиот третман на пациентката.

родилка Струга струшка болница
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.