Најголемо сомневање за причината за пожарот во манастирот Трескавец е доводот од електрична енергија, а како втора опција е оџакот, информира истражната судијка од Прилеп.

Од увидот е утврдено дека оџаците при реконструкцијата на конаците во 1991 година, по претходниот пожар не биле стручно изработени. Немало ниту елаборат за заштита од пожари.

Досега за обнова за манастирот општината Прилеп одвои 15.000, а владата 10.000 евра. Се проценува дека за обнова на конаците е потребно околу милион евра.