Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Струмица опен фестивал – изложби, скара и балкански пејачи

0
By Томе Христов on August 7, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 7, 2014 14:24

На десет отворени сцени со 28 настани е понудата за третиот по ред фестивал во кој ќе има ликовни колонии, вечери на поезијата, театарски претстави, филмови, афоризми, трка на келнери, угостителски бон – тон, како и три сцени со електтронска музика, џез и хип хоп, велат од организацијата на овој настан.

Главната забава ќе се заокружи со настапот на ѕвездите Кирил Џајковски, С.А.Р.С и Здравко Чолиќ кои ќе настапат на последните три дена од фестивалот. Но, како струмичани го доживуваат фестивалот? НОВА разговараше со граѓаните чии мислења се поделени за тоа колку и како овој фестивал допринесува за културата во градот.

„Гледајќи ја програмата имам чувство дека организаторите со овој фестивал се обидуваат за само неколку дена да ги надоместат сите работи и настани кои му недостасуваат на градот преку целата година. Има и убави идеи, но во најголем дел на „уметничката“ програма и недостасува квалитет. Што се однесува до трите главни вечери, каде до израз доаѓа суштината на фестивалот, добивам силен нагон да отидам во некој град далеку одовде, каде концертите, изложбите, театарските претстави и поетските вечери се главните артерии на градот, без кои не би можел да живее, и каде што наместо мирисот на скара би го почуствувал единствено мирисот на летото, вели струмичанецот Ване Костуранов.

Некои од неговите сограѓани, пак, сметаат дека одржувањето на ваков фестивал е „полн погодок“.

„Овие единаесет дена е вистинско уживање да се биде во Струмица, културни случувања за сите генерации. Би сакал овој фестивал да постои уште долги години и да стане вистински и препознатлив бренд и надвор од државата“, вели Марјан Трајков.

Оваа година единствената балканска ѕвезда е пејачот Здравко Чолиќ. Минатата година ѕвезда на фестивалот беше Северина, а пред неа Цеца Ражнатовиќ. НОВА испрати прашања до градоначалникот на општина Струмица зошто еден настан кој тие го опишуваат како „културна и уметничка манифестација“ во центарот на вниманието редовно ги има балканските ѕвезди, па дури и турбо фолк звездите од калибарот на Цеца и Северина. Од кабинетот на градоначалникот не го одговорија ова прашање. Единствено соопштија колку манифестацијата го чини буџетот на општината.

„Општина Струмица финансиски го поддржува фестивалот и неговите 28 настани со 2.700.000 денари, средства од буџетот и одобрени од Советот на општината, а другите средства се обезбедуваат од спонзори. Горди сме што и ова лето по трет пат, се реализира една многу убава и значајна културно – забавна манифестација, која веќе станува препознатлив белег и ја зацврстува позицијата на градот како културен центар во источна Македонија“, велат од кабинетот на градоначалникот Зоран Заев.

Од таму истакнаа дека фестивалот носи и економски придобивки за општината, пред се за угостителите и трговците.

Менаџерите на струмичките кафулиња велат дека цените на пијалоците и храната ќе останат исти како и во сезоната пред фестивалот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.