Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Струмичките земјоделци се заканија со протест пред Владата

0
By Томе Христов on November 13, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 13, 2014 14:34

Доколку не ги исплатат субвенциите за 2013 година до крајот на оваа година ќе организираме голем протест пред Владата, најавија денеска земјоделците од струмичкиот регион.

Собрани пред подрачната единица за земјоделство во Струмица со своите решенија, прашуваат зошто државата има два различни закони за исплата на субвенциите.

Претседателот на синдикатот на струмичките земјоделци Ристо Велков, вели дека се поминати пет месеци од последниот законски рок за исплата на субвенции за минатата година а земјодлеците сеуште не биле исплатени.

„Рековте дека исплатата ќе биде „календарска“ и тогаш кога парите им се најпотребни на земјоделците, но и тука не излажавте. Наместо календарска исплата – по календарот за потребите на земјоделците, направивте календарска исплата за потребите на власта за избори и за перфидно купување на гласови, рече Велков.

Тој праша кога ќе престанат надлежните да ги делат земјоделците и дали во Македонија постојат два различни вида на земјоделци.

Струмичките земјоделци се пожалија дека надлежните си ја префрлаат топката од еден на друг, а тие не можат да ги добијат паричните средства.

„Од месец мај два пати се јавувам до платежната агенција и овде и во Скопје, прво ми кажаа да чекам до крајот на јуни, но до денеска немам добиено никакви субвенции за тутунот. Не упатуваат од едно до друго место и секогаш велат да чекаме“, изјави Слободан Миланов од село Сушица.

„Од март имаме добиено четири решенија за добивање субвенции за кравјо млеко, но до денеска немаме добиено ништо за 2012 и 2013 година. Неколку пати се јавуваме, ни даваат број до Скопје, таму не можеме никој да добиеме. Кога одиме во нашата подрачна единица да прашуваме ни се смеаат и ни викаат да чекаме, вели Родна Радева.

Насобраните земјоделци порачаа дека оптималниот рок за засејување на пченицата и јачменот веќе одминува и дека не можат да ги набават неопходните семиња и ѓубрива.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.