Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сцената на Стад де Франс е подготвена, Португалија или Франција?

0
By Влатко Чаловски on July 10, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Париз вечерва ќе биде центарот на Европа или барем во светот на фудбалот, центарот на светот. Англичанецот Марк Клатенбург ќе биде медијаторот за фер натпревар помеѓу фудбалските гиганти Франција и Португалија.

Со почеток во 21 часот, репрезентацијата предводена од Кристијано Роналдо ќе се спротистави на домаќинот Франција на Стад де Франс во Париз, по кој натпревар, ќе се знаат имињата на фудбалерите кои во историјата ќе бидат запишани со златни букви.

Португалија е досадна репрезентација, до полуфиналето не победи ниту еден меч во регуларните 90 минути, а заврши и како трета во својата група каде што приматот и го земаа Унгарија и Исланд.

Франција од друга страна беше многу убедувачка во своите победи, а во полуфиналето јасно даде до знаење дека сериозно атакуваат на златото кога ја совладаа можеби и најсилната репрезентација на Европскиот континент, светскиот првак Германија.

Хрватска, Полска и Велс се “жртвите“ на Португалците додека Република Ирска, Исланд и Германија паднаа пред галските петли на патот до големото финале.

До патот до финалето, Фудбалската федерација на Португалија досега заработи 17.5 милиони евра и тоа 8 милиони поради учеството, 1.5 милиони од трите нерешни средби во групата, 1.5 милиони за учество во осминафиналето, 2.5 за четвртфинале и 4 милиони за учеството во полуфиналето.

Французите се нешто побогати заработувајќи еден милион повеќе. Тие заработија 8 милиони поради учеството, 2.5 милиони за двете победи и едниот нерешен резултат во фазата во групи, 1.5 милиони за учество во осминафиналето, 2.5 за четвртфинале и 4 милиони за учеството во полуфиналето.

Доколку Португалија победи вечерва, тие вкупно ќе заработат 25.5 милиони евра, а доколку го загубат мечот, ќе си заминат дома со 22.5 милиони.

Пред Французите пак, предизвикот е 26.5 милиони по победа, или 23.5 милиони евра по евентуален пораз.

Двата табора се ослободени од сериозни загрижувања. Централниот дефанзивец на Португалија, Пепе се врати на целосен тренинг и физиотерапевтите му дадоа зелено светло да истрча на Стад де Франс, откако го пропушти полуфиналето против Велс. Се враќа и Вилијам Карваљо по суспензијата во полуфиналето.

Француските фудбалери немаат ниту повредени ниту суспендирани во нивните редови. Се очекува селекторот Дидие Дешамп, кој самиот знае што значи да се освои злато на големите натпреварувања како капитен на Франција, се очекува да го извади истиот состав кој ја победи репрезентацијата на Германија.

Какви ќе бидат насловите на медиумите од светот ќе се знае по 90 минути или по нешто повеќе од два часа игра доколку се изведуваат пенали.

ЕУРО2016 фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.