Студентите јавуваат дека во главниот град на Србија досега се блокирани 14 крстосници и дека го затворија и виталниот белградски мост „Газела“.
Блокади на студенти и граѓани има и во Нови Сад, Крагујевац, Ниш, Земун, Краљево и во многу други српски градови.
Засега полицијата не интервенира но граѓани со себе носат и високи жичани огради со кои блокираат крстосници, а „страдаат“ и контејнери.
Инаку, овие протести се реакција по ноќешните апсења студенти и граѓани кога беа приведени триесетина лица главно студенти, а по немирите по завршувањето на големиот студентски и граѓански митинг против власта во Србија од каде што се побарани вонредни парламентарни избори.
Илјадници граѓани и студенти вечерва го опколија српското јавно обвинителство во центарот на Белград и блокадите, како што најавуваат, ќе траат во текот на целата ноќ.