Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Студентите гласаат – референдумот на Пленумот се одвива мирно

1
By Влатко Чаловски on October 5, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Неформланиот референдум кој денеска го организира Студентскиот пленум во рамките на факултетите на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ се одвива во мирна атмосфера, без инциденти и со заинтересираност на самите студенти кои треба да се изјаснат за статусот на нивниот претставник – Студентскиот Парламент.

Прашањето на кое студентите при УКИМ денеска одговараат со ДА и НЕ, гласи „Студенту, дали Студентскиот парламент треба да остане невладина организација како што е во моментот“.

Според досегашните проценки над 1.000 студенти излегле низ факултетите излегле да го дадат својот глас.

Првичните неофицијални резултати се очекуваат вечерва.

„Целта на денешниот неформален студентски референдум е да се покаже притисок врз самиот СПУКМ, дека самите студенти сакаат да кажат стоп на Студентскиот парламент и неговата неконтролираност во однос на трошењето на неговите пари и неговата нефункционалност. Сакаме и да покажеме дека СПУКМ треба да стане дел од самиот Универзитет. Гледаме дека е проблем тоа што Студентскиот парламент е невладина организација и немаме никаква контрола врз истиот. И покрај сите настани што се случија изминатите месеци, како што се изборите кои беа нелегитимни, тепачките и финансискиот извештај кој го обелоденивме пред јавноста, никаква директна контрола не може да се има врз самиот СПУКМ“, велат од Пленумот.

За референдумот на секој факултет е формирана изборна комисија составена од студенти волонтери од по минимум два члена.

Комисијата управува со избирачкиот материјал (избирачки кутии, избирачки ливчиња, избирачки список), на начин на кој се грижи за остварување на тајноста и правилата на избирачкиот процес, во кој гласаат сите студенти кои со себе носат индекс или студентска легитимација.

Референдумот доаѓа после изборите за нов претседател на СПУКМ на најстариот државен универзитет „Св. Кирил и Методиј“, кои летоска се одржаа во насилна атмосфера.

Единицата за брзо распоредување, го штитеше раководството на СПУКМ кое реши да ги спроведе изборите за студентски лидер по секоја цена.

Изборните кутии од избирачките места пред камерите на медиумите беа изнесувани од избирачките места, иако според Статутот, гласачките кутии се отвораат на факултетите и гласовите треба да бидат пребројувани јавно.

СПУКМ Студентски пленум
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.