По веста дека е распишан јавен оглас за избор на нови членови на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ) студентите ја прекинаа блокадата на РТС.
Тие порачаа: „Битката е добиена, но војната уште трае“.
Блокадата траеше цели 14 дена. Откако се исполни барањето на студентите да се распише оглас за избор на нови членови на Советот на РЕМ тие ги собраа транспарентите, се спакуваа и исчистија.

Но, студентите оставија напишани две пораки со креда пред влезот на РТС. Едната гласи „Ве гледаме“ и се однесува за вработените во медиумот, а другата е напишана на улица – „Комшии ви благодариме на трпението“.
rts
takovskapišu nam:
komšije, hvala na strpljenju pic.twitter.com/dGns6ll5ye— T (@tijanazp) April 28, 2025