Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Студентите од Архитектонски факултет по трет пат ќе предаваат за ГТЦ

0
By Нова ТВ on April 21, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 21, 2015 11:32

Поради големиот интерес на првата и втората интерактивна настава, студентите од архитектонскиот факултет, во рамките на кампањата „Излези за ГТЦ“, ќе организираат и трета прошетка низ Градскиот Трговски Центар која ќе има цел да ги запознае граѓаните со културните и архитектонските вредности на овој култен градски објект.

Прошетката ќе се одвива денес со почеток во 18:00 часот, а збирното место ќе биде пред платото на ГТЦ од страната на паркот Жена – Борец.

На прошетката може да дојде секој заинтересиран граѓанин и низ интерактивна настава да дознае нешто повеќе за културното наследство кое ГТЦ го чува веќе четири децении.

На претходните прошетки организирани минатата недела, студентите од архитектонскиот факултет најнапред ги запознаа граѓаните со општествените и архитектонските вредности на ГТЦ, како и со неговата историја.

Студентите се осврнаа на идејното решение за ГТЦ кое било победник на меѓународен конкурс а чиј автор е познатиот македонски архитект Живко Поповски. Понатаму, студентите, во своето предавање, ги потенцираа социјалните вредности кои со себе ги носи ГТЦ а се однесуваат на неговиот јавен карактер и отвореност за сите.

Граѓаните се запознаа и со историјата на петте кули кои се наоѓаат во рамките на трговскиот центар и на кој начин биле инкорпорирани во идејното решение на Живко Поповски.

Во предавањето за ГТЦ не беше изоставен ниту неговиот придонес за развојот на културата на градот, па во тој контекст, студентите потенцираа дека ГТЦ е дом на првото градско кино во Скопје.

Прошетката заврши на терасите на ГТЦ кои „гледаат“ кон паркот Жена – Борец, а за кои студентите објаснија дека овозможуваат директно поврзување со зеленилото во паркот. На крајот, студентите го потенцираа уникатното решение за сообраќајот во долниот дел на трговскиот центар каде токму разделувањето на движењето на сите возила по принципот „никој не пречи никому“ е вистински израз на модерната која го одликува Градскиот Трговски Центар.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.