Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Студентите сакаат функционално и независно студентско организирање

0
By Нова ТВ on November 30, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 30, 2017 14:41

По спроведени консултации на четири универзитети во Македонија студентите денеска на тркалезна маса ги споделија препораките за студентското организирање и побараа независни и функционални студентски парламенти.

– Студентското организирање ја отвори пандорината кутија на УКИМ. Се покажа дека Универзитетот не сака да им помогне на студентите. Оние студенти кои седат во Студентскиот парламент и ги бранат правата на студентите, треба да бидат и одговорни. Студентскиот парламент мора да биде тело во рамките на универзитетот, затоа што така ќе добиеме поголема кохезија. Студентите треба да знаат што е право на глас, односно да научат да го користат, а при тоа да не бидат тепани од комисиите, како што се случи минатиот пат. Се надевам дека ова е последна конференција на која се зборува за студентското организирање и дека конечно нешто ќе почне нешто да се менува, рече Деа Здравковска од Студентски пленум.

Министерката за образование и наука Рената Дескоска вели дека со новото студенстко организирање ќе се отворат вратите на демократијата во амфитеатрите и аулите со цел, како што рече, да се чуе гласот на студентите.

– Амфитеатрите се школи за демократија, искуството што ќе го стекнат студентите низ ваквите демократски практики ќе ги научи како понатаму да се борат и да ги застапуваат своите права. Мојата цел ќе биде автономија во однос на сите и во однос на слобода на истражување, слобода на мисла и се она што значи автономија во рамки на универзитетот. Новото тело треба да биде тело во рамки на универзитетот ослободено од секакви партиски влијанија, рече министерката.

Во диксусијата учествуваше и пратеникот Петар Атанасов, кој истакна дека и студентското организирање е процес, а сите процеси, како што рече, течат. Ако во една точка сме задоволни од нешто, посочи, во следна или касниме или имаме простор за подобрување.

– Нашето општество не го положи испитот во однос на младите, или заборавивме или не сакавме да размислуваме за младите – особено сегметот за студентското организирање. Општеството немаше вредности кои младите ги учеа, или младите учеа погрешни вредности. Сите заедно и на ист терен мора да изнајдеме решение, рече Атанасов.

Дискусијата беше организирана од Младински образовен форум и Фондација Отворено општество – Македонија.

Дескоска студентско организирање
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 19, 2026

Израел и Хезболах договорија примирје

ВЕСТИ June 19, 2026

Израел и Хезболах постигнаа договор за примирје којшто стапи во сила денеска во 16 часот…

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

June 18, 2026

Блумберг: Договорот меѓу ДСАД и Иран во 14 точки е голем триумф на Иран и Сериозен удар за Израел

June 17, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.