Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Студентски Пленум: Не сме безрбетници и ќе ја критикуваме секоја наредна влада

0
By Нова ТВ on December 11, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 11, 2015 12:48

Во отвореното обраќање кон јавноста, Студентскиот Пленум потсетува на основата од која тие произлегоа и нивните цели. Тие порачуваат дека не сакаат да се претстават како жртви на Груевизмот, ниту постојат за да сменат некоја влада.

Како што појаснуваат, не се збирштина од безрбетници туку коректив за оваа и секоја наредна влада која ќе ги носи одлучувачките политики.

Во продолжение писмото во целост:

„Студентскиот Пленум не е збирштина безрбетници како што некои луѓе би сакале да биде. Тоа е платформа која донесе зрак надеж и ќе го одржи истиот во живот, колку и да се чини дека маглата го покрива. Збирот од различни мислења и слободата на истите да бидат изразени, донесе до една флуидна струткура која стана двигател на слободоумноста на секој човек. Мултиетничноста и академскиот дискурс се начин на делување на Пленумот и така ќе остане.

Така и овој пат, затоа што академскиот начин на изразување е единствениот јазик кој го зборуваме, ќе одолееме на сладострасното искушение, на кое многу други групи потпаднаа, да се претставиме како жртви на Груевизмот и ќе го замолиме нашиот противник оружјето со кое се служи да бидат аргументи и факти, а не ad hominem напади. Нашите ставови се цврсти и аргументирани, неколкупати до сега посочени и објаснети, но, како и секогаш, ценејќи го фер и чесното однесување како главна одлика на академското делување, отворени сме повторно да ги изложиме нашите ставови и се разбира, дебатираме, за истите, доколку некому не му се јасни.

Да се потсетиме. Студентскиот Пленум не е овде за да падне некоја влада. Тој е овде за да ја критикува секоја власт, со цел истата да ја направи поодговорна во носењето на одлуките и создавањето на политиките.

За жал, оние кои би требало да се грижат за зачувување и унапредување на јавниот интерес, се всушност оние кои се најмалку одговорни и придонесуваат кон создавање на сивило во политичкиот спектар, кое не дозволува раѓање на слободна мисла и идеја. Па така, наместо охрабрување на секој процес кој значи конструктивен приод кон проблемите, истите тие се обидуваат да ја наметнат својата волја за иднината како вистината од која што не смее да се отстапи. Пукајќи со боева муниција кон неистомислениците, неодговорните создаваат терен на кој лесно победуваат, но губи целото општество.

Како млади луѓе сакаме да учествуваме во создавањето на иднината. Тоа значи дека секогаш ќе бидеме гласни, неуморни и критички настроени. Студентскиот Пленум е решен да биде креативен, истраен и конзистентен во критиката на оваа и секоја друга власт“, се вели во обраќањето на Студентскиот Пленум.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026
ФОКУС
April 9, 2026

Руте: Трамп е во право за Гренланд

ВЕСТИ April 9, 2026

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте изјави дека се водат преговори со САД, Данска и…

Стартува новиот систем за влез во ЕУ – од утре повеќе чекање на нејзините граници

April 9, 2026

Израел на над 100 локации го нападна Либан – стотици мртви и ранети

April 8, 2026

Пакистан го објави примирјето меѓу Иран и САД

April 8, 2026
ТИКЕР

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.