„Ова е “посветеноста” на ВМРО-ДПМНЕ и на Министерството за образование и наука кон младите луѓе во Македонија! Во овие ли тоалети Груевски и неговите соработници ќе поставуваат машини за перење и сушење?“, револтирано прашуваат младите од СДСМ, по најавите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски дека ќе се постава 50 машини за перење и сушење во студенстките домови.
„Не се перат со ништо 10-годишните стиропор политики преку коишто власта на Груевски краде и се богати, ниту се пере фактот дека оваа неодговорна власт ги стави студентите во мизерни услови, со огромни трошоци.“, велат од СДММ.
Трошоците за живот на еден студент, според нив, се поголеми од една плата.
Минималната месечна плата изнесува 10.080 денари додека месечните трошоци за студент сместен во дом се најмалку 10.277 денари. Трошоците на студент кој не е примен во студентски дом се над 20.000 денари.