Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Студија на „Фридрих Еберт“ укажува на потребата за поголема вклученост на жените во општеството

0
By Нова ТВ on March 15, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 15, 2021 15:08

Фондацијата „Фридрих Еберт“ спроведе сеопфатно национално истражување и објави Студија за жените во Република Северна Македонија 2020/2021 со цел да ја измери, опише и објасни позиционираноста на женската популација од сите етнички заедници во однос на општеството, семејството, вредностите, образованието, вработувањето, политиката, безбедноста и грижата за здравјето.

– Студијата дава еден сеопфатен преглед и анализа на најбитните податоци и претставува интердисциплинарна студија чијашто примарна цел е да понуди основа за натамошни толкувања и анализи. Резултатите укажуваат на низа постоечки предизвици со коишто треба да се справат сите чинители во општеството, со цел да се подобри индивидуалната и општествената добросостојба: од креаторите на политиките, носителите на одлуки, како и сите граѓани, жени и мажи во нашето општество, вели Ева Елерајт од „Фридрих Еберт“.

Според проф. д-р Драган Ѓорѓев од Институтот за јавно здравје, согласно анализите студијата опфаќа различни биолошки, физички и социјални детерминанти на женското здравје.

-Најголем дел од товарот со болести кај жените во Северна Македонија припаѓа на болести на срцето и крвните садови но загрижува и непознавањето на методите за рано откривање на малигните болести како и лошите стилови на исхрана и физичка активност. Потребни се сериозни промени во системот на следење и промоција на женското здравје, но и во пристапот и квалитетот на здравствените услуги на жената, посочува Ѓорѓев.

Нита Старова од „Фридрих Еберт“ вели дека резултатите од студијата укажуваат на ниско ниво на политичка партиципација, генерална незаинтересираност, па оттука и неинформираност за политика кај женската популација во земјата, што веројатно се должи на комбинација од фактори и случувања на политичката сцена во изминатите години.

– Иако во голем процент го искористуваат своето гласачко право, жените сепак го рефлектираат глобалниот тренд на зголемена недоверба во политиката. Потребно е да се создадат услови за поголема вклученост на жените во политиката на раководни позиции и функции, како на локално, така и на национално ниво. Носителите на одлуки, но и пошироката јавност треба да се информираат за придобивките од поголемата вклученост на жените во процесите на носење на одлуки, појаснува Старова.

Во дел од студијата интересот е насочен кон положбата на жената во работните организации, напредувањето во кариерата и напредувањето на менаџерските позиции, како и општи ставови за вработувањето, барање работа и самовработување.

Според проф. д-р Мирјана Борота Поповска, се потврди дека дискриминацијата врз основа на полот е непрепозната како од околината, но и од жените и дека жените во светот на работата имаат понеповолна позиција за разлика од мажите во однос на: заработката, оценувањето на нивната компетентност, поддршката од менаџментот, напредување во кариерата, добивање работа.

-Демотивирани се да започнат сопствен бизнис но од други причини, односно најмногу поради немање познавања на пазарот и пазарните прилики како и немање знаење, вештини и способности за водење бизнис, додава Поповска.

Според неа, образовниот систем во однос на улогата на жената често форсира стереотипи за улогата на жената во општеството, најдоминантни се: „жената е таа која треба да се грижи за домот и децата“ , „биди убава и атрактивна“, „не менувај партнери“, „омажи се и имај деца наспроти кариера“, „мажот треба да има/заработува повеќе од жената“.

Во однос на образованието жените имаат позитивен став, највисока согласност имло за ставот: „образованието на жената е важно за нејзината иднина и подобар живот“.

Проф. д-р Марија Топузовска-Латковиќ посочува дека според анализата на податоците, на генерално ниво, на жените во македонското општество најприоритетни им се вредностите поврзани со сигурност/независност (да живеат во безбедна и перспективна земја, да имаат сопствено место за живеење и сигурна работа), како и почитување на традицијата (формирање на семејство, прифаќање и исполнување на барањата/очекувањата на религијата).

– Иако жените го носат најголемиот товар за грижа на децата и одржување на домаќинството, тие во висока мера го оценуваат степенот на родовата еднаквост како добар, а поделбата на обврските ја сметаат за фер, односно праведна, што укажува дека жените или ја прифаќаат традиционалната/патријархална поделба на улогите како нормална, или пак, дека не се доволно запознати со концептите за родова еднаквост и рамноправност. Секако, мора да се напомене дека се евидентирани статистички значајни разлики и асоцијации според возраст, степен на образование, етничка припадност и место на живеење, вели Топузовска-Латковиќ.

Министерката за образование и наука Мила Царовска потенцира дека со новата концепција на образованието во земјава ќе се градат и негуваат европските вредности.

– Уште од најмала возраст има родова нерамноправност. Тоа го увидовме во основното образование во кое постојат стереотипи и дискриминација, родова нерамноправност директно во учебници. Новата концепција е градена на европски постулати, да има родова рамноправност, инклузивност, недискриминација. Се повлекуваат дел од учебниците, може да се каже дека воведовме филтри преку експерти за човекови права за да не се случуваат вакви пропусти во иднина, а со тоа ќе ја покренеме свеста уште од мали нозе преку образовниот систем, наведува Царовска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.