Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Студија: Загадувањето од шумските пожари во Калифорнија уби 52.000 луѓе за една деценија

0
By Zoran Ivanov on June 7, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 7, 2024 22:15

Загадувањето од шумските пожари во Калифорнија уби повеќе од 52.000 луѓе за една деценија, објавено е денеска во нова студија, додека западниот дел на САДе опфатен со високи темпаратури на воздухт што може да предизвика нови пожари, јавија американските медиуми.

Истражувачите велат дека честичките ослободени од пожарите имаат разурнувачки ефект врз локалното население што многу го надминува бројот на смртни случаи што директно им се припишуваат.

Студијата предводена од Рејчел Коноли од Универзитетот во Калифорнија во Лос Анџелес покажа дека тие ситни загадувачи во воздухот – познати како PM2.5 убиваат голем број луѓе.

Тимот ги разгледа податоците од 2008 до 2018 година и го изолираше количеството PM2,5 ослободено посебно од шумските пожари, наспроти она што го создаваат други извори, како транспортот и производството.

Тие открија дека најмалку 52.480 предвремени смртни случаи може да се припишат на ова специфично загадување. Трошоците за лекување на луѓето погодени од загадувачите беа пресметани на 432 милијарди долари, објавено е во Science Advances, списание на Американската асоцијација за унапредување на науката.

Овие наоди имаат директни импликации за Калифорнија, држава во првите редови на развојот на климатската политика со многу региони подложни на пожари и разновидна популација за заштита, додаваат тие.

Студијата доаѓа бидејќи голем дел од Калифорнија и другите делови на американскиот запад се зафатени од првиот топлотен бран оваа година.

Температурите до 49 Целзиусови степени „ја изгореа“ Долината на смртта во четвртокот, додека Лас Вегас вриеше под топлина од 43,9 степени Целзиусови.

Раниот летен топлотен бран ја зголеми загриженоста дека сезоната на пожари би можела да биде жестока во 2024 година по две релативно бенигни години, благодарение на влажните зими.

Калифорнија забележа алармантен број мегапожари овој век – 18 од 20-те најголеми пожари во историјата на државата се случиле во последните две децении.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.