Субрата Рој кој во својата матична Индија земја се гони за финансиски проневери и малверзации, на Балканскиот фестивал на мирот, во говорот се осврна на неговата организација, за која рече дека е полна со криминалци.
-Во мојата организација има многу криминалци, но треба да им оставиме време сами да се променат, па може после ќе се претворат во најдобри граѓани.
Освен тоа, Субрата Рој изјави дека во неговата земја најголем непријател се новинарите.
-Медиумите имаат негативна улога бидејќи весниците, каналите и слично главно зборуваат за негативни настани и даваат негативни известувања за расправии, убиства, силувања, итн. Ова постепено го става човекот во една затворена емотивна сфера што секогаш води кон зголемена потреба од СЕБЕСИ, без земање предвид на мислењето на другите луѓе и води кон ситуации во кои нема душевен мир.
Mедиумите треба да ги намалат негативните известувања и да додадат попозитивни, поохрабрувачки информации, изјави Рој.
Контроверзниот бизнисмен, излезе со порака до македонската јавност:
-Владата треба да дефинира преку закон која е идеалната големина на едно семејство и децата од идеалното семејство треба да ги добијат сите бенефиции, посебните придобивки за граѓанинот од прв ред. Родителите со кои не доминира нивното „јас“ ќе го изберат вистинскиот пат за нивните деца.
Родителите кои не ја следат идеалната семејна законска дефиниција ги губат сите придобивки и бенефиции за нивните деца, а треба да го изгубат и правото на глас. Треба да се запомни дека уставот на една земја е напишан за добросостојбата на луѓето, и за целите на добросостојбата на луѓето денес, уставот треба да се менува според постојните потреби на масите.
Во матичната земја на Рој, Индија, медиумите пред два месеци пишуваа дека се работи за загрижен човек, кој е соочен со можност за судска пресуда заради корупција и финансиски малверзации.
-Субрата Рој, првиот човек на групацијата Сахара, сега е загрижен човек, поради неговото конфронтирање со пазарниот регулатор СЕБИ. Владата на СЕБИ му даде поголема моќ, со што оваа институција ќе може да одзема имот и банкарски сметки на личности и компании кои не ги спровеле нивните одлуки, како и исплата на казни, рефундирање на средства на инвеститорите или исплаќање на други доспевања, напиша во јули „Бизнис тудеј.
Летово, УНЕСКО предупреди на последните развојни планови за Охрид, велејќи дека експертите од оваа организација се загрижени, а во контекст на плановите на Субрата Рој изградба на луксузен рекреативен комплекс на брегот на Охридското Езеро. УНЕСКО испрати тим во Охрид да изврши увид дали обемните градежни планови можат да го загрозат нејзиниот статус како заштитено наследство




