Најмалку 10 луѓе се повредени во големиот верижен судар во американската држава Ајдахо, во кој учествувале дури 46 возила. Засега нема информации за загинати.
Сударот бил предизвикан од лизгавите патишта и големата магла. Повредените се пренесени во болница, а според очевидците, на местото дополнително пристигнал автобус да ги извади од метежот и оние кои не се повредени.
„Луѓето возеа премногу блиску едни до други, а имаше многу густа магла. Едните подзастануваа а другите се удираа во нив – и еве што се случи. Ова изгледа како воена зона“, вели еден од очевидците.