Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судбината на повратниците и нивните семејства: Опасноста од боиштата ја носат дома

0
By Соња Трајковска on November 22, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најмалку 156 државјани на Северна Македонија се приклучиле на терористички групи во Сирија и Ирак, од нив 35 биле убиени, околу 38 останале таму, а 83 се вратиле во земјата. Ова се наведува во годишниот извештај на американскиот Стејт департмент за тероризмот во светот за 2018.

Во документот објавен на почетокот на овој месец, во делот за нашата држава, пишува дека во земјава изминатата година немало регистрирано инциденти кои би се означиле како терористички. Но, како најголема закана со која се соочува земјава од овој апсект се наведува „враќањето на борците од странските боишта и потенцијалот за радикализација и насилство“.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е на иста линија со Стејт департментот во однос на опасноста што со себе ја носат повратниците од боиштата.

-Луѓе кои ќе се радикализираат се прилично опасни по безбедноста на околината. Секако дека станува збор и за лица кои поминале соодветна обука за да можат да бидат во тие воени жаришта. Сето тоа е аспект на контрола што треба да се воспостави по нивното враќање во државата -дали тоа ќе биде враќање на некои од камповите, дали тоа е нивно доброволно враќање на територијата на државата, изјави Спасовски неодамна во интервју за МИА.

По избивањето на конфликтот во Сирија, следејќи го трендот во светот, за да се спречи државјани да заминуваат да се борат на страната на Исламската држава, Македонија во 2014 година во Кривичниот законик воведе нов член, 322, „Учество во странска војна, полиција, паравоени и параполициски формации“.

Досега за ова дело се осудени 16 македонски државјани кои беа уапсени во 2015 и во 2016 година во полициските акции „Ќелија 1 и 2“ од кои 11 лица добија вкупно 32 години затвор за „Ќелија 1“ откако ја признаа вината на суд и петмина во „Ќелија 2“, кои откако признаа вина, постигнаа спогодба и се осудени на казна затвор од 2 години и 4 месеци, 2 и 6 месеци и 2 години и 8 месеци.

Случај Ќелија: Петмина осудени на затворски казни од 2 до 4,5 години

Случај „Ќелија“: Оџата Мемиши доби 7 години затворска казна

Во август минатата година, акцијата „Ќелија“ го имаше третото продолжение. Приведени беа седум македонски државјани кои се бореле на боиштата во Сирија и Ирак како странски терористички борци. Најмладиот од приведените има 23, а најстариот 30 години.

Жени и деца бараат помош од камповите во Сирија

Според Националниот комитет за спречување на насилниот екстремизам околу 30 наши државјани бараат враќање во родните места – Скопје, Гостивар, Тетово и Куманово. Минатата година се вратени седум, но годинава се уште ниту еден.

Пред десетина дена албанската телевизија А2 објави видео од кампот Ал Хол во Сирија каде се сместени илјадници жени и деца на борци на ИСИС. Меѓу ние е и Ревајет Шахини од Гостивар. Таа преку телевизијата побара помош да се врати во земјава заедно со нејзините 4 деца.

ТВ21

-Ако може да не земат, бидејќи и самите гледате во какви услови живееме, тука не се седи, бидејќи е ладно, вели Шахини, која во изјавата што ја објави ТВ 21 кажува дека е од Македонија, дека шест години е таму и има 4 деца. Понатаму раскажува дека е многу опасно и дека ништо не знае ниту за семејството, ниту за сопругот.

Од МНР велат дека се во постојана комуникација со македонската амбасада во Анкара и во соработка со невладините меѓународни организации и со Црвениот крст, се обидуваат да стапат во контакт со неа, за да се овозможи враќање во државата.

Според информациите на МВР, четири жени наши државјанки, заедно со нивните седум деца, во моментов престојуваат во кампови за мигранти во Сирија. Со две од нив МНР контактирало и се во процес на враќање. Процесот опфаќа обезбедување патни исправи и транспорт од Сирија до Македонија.

И тука, според МВР ,завршува нивната надлежност, бидејќи оваа категорија лица не е предмет на гонење.

Што прави државата

Оние за кои нема докази дека учествувале во воени дејства, се вклучуваат во посебни програми кои ги спроведуваат Центрите за социјални работи и одредени програми на формално и неформално образование.

Во март владата ги усвои Националната стратегија за борба против тероризмот 2018-2022 година и Националната стратегија за борба против насилниот тероризам, придружени со акциски планови.

Од Националниот комитет за спречување на насилниот екстремизам и борба против тероризмот најавуваат дека до крајот на годинава ќе се подготви нова програма за реинтеграција на овие лица во секојдневниот живот. Но за тоа битно е да се подигнат капацитети на самите институции за работа со тие луѓе, да се подготви локалната заедница за нивно прифаќање и помош и вклучување на невладиниот сектор. Од МВР  се бара да ги блокира сите веб страници кои промовираат радикализам.

Од Комитетот истакнуваат дека по 2015 година драстично е опаднат бројот на регрути во редовите на ИСИС, што главно се должи на промените во Кривичниот законик за кривично гонење на лицата кои се боратб во странски војски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.