Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судбини од болничките ходници: се лечат од гангрена оти немаат пари за лекар

0
By Нова ТВ on July 2, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 2, 2014 15:35

Ова е третата сторија од серијалот „Има ли цитостатици за метастазите во здравството“. Дописничката мрежа на НОВА ги скенира состојбите во сите региони во земјава. Оваа сторија е посветена на состојбите на истокот

Останал без нога оти нема пари за лечење

Кемал Куртулиев, пак, нема пристап до никаква здравствена заштита. Живее во штипското село Крупиште. Поради гангрена остана без десната нога. Минатата година си го удрил прстот пасејќи ја стоката, но, бидејќи немал ниту пари за лечење, ниту здравствено осигурување повредата си ја лечел самиот дома со помош од соседите. Дури по интервенција на Здружението на граѓани „Цивитас“ е хоспитализиран, но предоцна да му се спаси ногата. Прво му е пресечено стапалото, а поради ширењето на гангрената подоцна останува и без дел од ногата.

„Ние кога разбравме за случајот веднаш реагиравме и Кемал беше хоспитализиран. Лекарите направија што можеа. Но, за жал, и ние се вклучивме предоцна. Нашата работа беше да направиме само врска помеѓу институциите за Кемал да може да си ги оствари своите права. Сега тој е здравствено осигуран и ќе добива и туѓа нега“, вели Мартин Ѓеорѓиевски од Здружението на граѓани „Цивитас“.

Кемал не е единствениот ваков случај во Источна Македонија. Старите и изнемоштени луѓе од планинските села тешко доаѓаат до институциите. Проблем имаат и оние чии населени места се на главните магистрални патишта.

„Ние сме на половина пат помеѓу Штип и Кочани, а лекарот ни е одалечен 20 километри во еден правец. И лекови мора да набавуваме во Штип, што значи плус двесте денари на цената на лекот“, вели жител на Крупиште.

„Селските амбуланти одамна не функционираат. Со стартот на проектот рурален доктор барем еднаш неделно во селото некој може нам на постарите да ни измери притисок, што е добро“, вели дедо Трајан од Крупиште.

Но, и оние кои стигнуваат до здравствените установи не се задоволни од услугите што ги добиваат.

„Никакви услуги нема во болницата, ниту лекарства, ниту апарати. Лекови од дома си носиме. За храната да не зборуваме. Пред некој ден сакаа да ми прават ЕКГ, а апаратот дури од трет пат профункционира“, вели штипјенецот Васил.

За рентген се патува до Скопје

Два месеци во штипската клиничка болница не се вршат потешки ортопедски интервенции затоа што не работи подвижниот рентген во салата. Сите такви пациенти се препраќаат во Скопје.
„Апратот не работи еден месец, но тендерот за негова поправка е распишан и ќе заврши до крајот на Јуни“, вели Елизабета Папарова, директор на Клиничка болница Штип.

Од раководството на болницата велат дека апаратите се сервисираат редовно, а има и доволно лекови. Тврдат дека од дома пациентите си носат лекови само за хроничните болести кои не се причина за нивна хоспитализација.

Проектот рурален лекар им создаде дополнителни обврски на Здравствените домови, барем додека да се вработат сите потребни кадри.

„Во Здравствениот дом во Делчево планирано е да се вработат тројца рурални лекари, двајца во Делчево и еден во Македонска Каменица. Засега тимот во Македонска Каменица функционира, додека во Делчево руралниот лекар го покрива 1-та смена од Итната медицинска помош, а неговото место во Брзата помош го покриваат матичните лекари и интернистите“, вели Трајче Ѓеорѓиевски, директор на Здравствениот дом во Делчево.

Според Ѓеорѓиевски, секој ден во напуштените селски амбуланти има лекар. „Додека да се комплетираме лекарот оди по четири часа во две села дневно“, вели Ѓеорѓиевски.

Досега преку проекот „Рурална аптека“ на Министерството за здравство отворена е аптека во кочанското село Облешево. Останатите села се уште чекаат, a таму граѓаните лекови се уште купуваат од најблиските градови.

Лекарите и сестрите претворени во писари

Со проектот рурален доктор пациентите од одалечените села добиваат елементарни прегледи. Мерење на притисок и шеќер во крвта. Ако се потребни други медицински испитувања тогаш се упатуваат најнапред во локалните здравствени домови, а потоа во болниците и наjпосле во Клиничката болница во Штип.

И тука често пати пациентите се шетаат од одделение на одделение. Некогаш приемот и покрај уредните упати зависи само од хуманоста на лекарите. Дека нешто не функционира како што треба покажува последниот случај на напад на лекар во Штип. Хирургот беше нападнат при обид на најблиските роднини на пациентката да им го објасни протоколот за нејзино лекување. Нетрпеливоста кај роднините ја предизвикал фактот, што откако таа била прегледана на интерното одделение во кочанската болница, поради болки во пределот на р’бетот добила упат до ортопедија во Штип. Ортопедите по прегледот, ја упатиле на хирургија, бидејки пациентката имала и нарушени здравствени проблеми со бубрезите и стомачната шуплина.

Клиничките патеки и протоколи за пациентите се во ред, сметаат граѓаните, иако понекогаш системот затајува.

„Понекогаш не ги разбирам медицинските протоколи. Моја родина со мозочен удар беше хоспитализирана на Нервното одделение во Штип. По неколку дена почна да развива декубитни рани. Од одделението два пати викаа конзилијарно да дојде ортопед. Никој не дојде. На крај користев лични познанаства за да добијам помош“, вели штипјанка.

Лекарите и медицинските сестри не сакаат јавно да коментираат, но велат дека со новите протоколи се претворени во административци и понекогаш немаат време ниту да го погледнат пациентот.

„Само средуваме и пополнуваме нешто, секој ден се нешто ново се воведува што само ни ја усложнува работата“, велат медицинските лица.

„Мој термин“ – идеја без реализација

Граѓаните се жалат дека лекарите не го почитуват мој термин, па оние кои патуваат од други градови, посебно во Скопје и Штип често пати се враќат дома без завршени испитувања. „Ние одевме во Штип на урологија. Ни беше закажано во 17.30, лекарот дојде во 19.00. Порано беше полесно да дојдеш до лекар, ќе извадиш еден упат, а настрана и фактот и дека има болни што термин добиват по месец или два“, вели жителка на Кочани. „Јас сум опериран на дебелото црево, имав уредно закажано електронски снимање преку матичниот лекар на скопските клиники. Кога отидов ми рекоа ќе дојдеш друг ден, прво треба да ти земат крв. И ми земаат крв, ама не стигнав со резултатите и им реков јас не можам да се шетам на контрола ќе дојдам во септември“, раскажува кочанчанец.

Специјалистите им одат во пензија, немаат пари да обучат нови

„Во Македонска Каменица имаме интернист и педијатар и четворица лекари во Итната медицинска помош. Во поглед на екипираноста не сме лоши, но не можеме да испратиме дополнителни лекари на специјализациите што ни се потребни, бидејќи дел од нашите специјалисти за некоја година одат во пензија“, вели доктор Ѓеорѓиевски од Здравствениот дом во Делчево.

Проблем во штипската болница не се лекарите и медицинските сестри туку болничарите и хигиеничарите.

Робовски статус за штипските болничари

Ова е сведоштво на еден од 57те болничари во штипската болница кои со години имаат статус на волонтери.

„Со години чекам решение, а работам исто како сите други. Освен тоа, главната грижа за болните е на болничарот. Јас ги спроведувам на снимања, носам и земам резултати, местам кревети, менувам пелени, помагам при извршување на физиолошките потреби, делам и храна и сето тоа го правам полно работно време за само 4.600 денари плата“, раскажува болничарот чиј идентитет и е познат на редакцијата, но сакаше да остане анонимен поради, како што вели „страв од одмазди“.

„Свесни сме дека ваков кадар ни недостига, но очекуваме во втората половина на 2014-та да ни биде одобрено вработување и на ваков персонал“, вели Папарова.

Локалната власт без големи ингеренции во здравството

Според Законот за Локална самоуправа, општините имаа надлежност во управувањето со мрежата на јавни здравствени организации и објекти од примарна здрвствена заштита. Нивна работа е преземањето на превентивни активности, надзор на животната средина и помош на пациенти со специјални потреби.

„Соработуваме со Центарот за јавно здравје, се што е во рамки на нашите надлежности, дезинсекција, дератизација, заштита од заразни болести, но сме отворени за соработка и со Министерството за здравство доколу побара услуга или помош во спроведување на одредени активности“, вели Драган Ристов, портпарол на општина Штип. Советот на општина Штип има и Комисија за здравство, но таму работите се сведуваат на барања за помош за лекување во рамки на издвоениот буџет.

Од опозицијата во штипскиот Совет велат дека не се прави доволно за здравствената заштита.

„Ние одобруваме средства за некои превентивни активности, но тие се секогаш минимални, се зборува за некакви проекти и дека нешто се работи, но нема ништо на мегдан, нема мерливи резултати што може да ни покажат што навистина се направило за подобра здравствена заштита на граѓаните“, вели Марија Костова, советник во Совет на општина Штип.

Ќе се гради нова Клиничка болница во Штип

Според најавите во Штип ќе се гради нова клиничка болница. Деталниот урбанистички план е веќе готов, а изработката на проектот е во тендерска постапка. Новиот објект треба да се простира на околу 20 илјади метри квадратни и за него треба да потрошат околу 25 милиони евра. Инаку, годинава штипската Клиничка болница заедно со средствата преку трезорската сметска, ФЗО и донации, на располагање има околу 405 милиони денари. Од тие средства според последниот извештај објавен на веб страницата на Фондот за здравство, за плати надоместоци се потрошени нешто помалку од 33 милиони денари, или платите учествуваат со 56, 78 % во вкупниот буџет. Според извештајот за лекови и друг медицински инвентар во јануари и февруари годинава се потрошиле 11.500.000 денари. Според извештајот на ФЗО, штипската болница во февруари имала долгови од 39, 6 милиони денари.
СЛЕДУВА


ПРЕТХОДНО

Прочитајте ги првата и втората сторија од серијалот „Има ли цитостатици за метастазите во здравството“.
„Досие Струмица: До подобро здравство со бугарски пасош“
Непримерно здравство во македонските туристички центри“

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.