Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судење за „Пулс“: Сведочеше командирот на локалната противпожарна единица – хидрант имаше, вентил немаше

0
By Zoran Ivanov on February 5, 2026 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 5, 2026 12:43

Од влезната врата излегуваше само чад, а внатре имаше многу деца кои бараа помош“, со овие зборови командирот на пожарникарите од Кочани, Драган Апостолов, ја опиша сцената што ја затекол во дискотеката „Пулс“. На денешното рочиште тој откри дека целата единица со девет возила била ангажирана во битката со пламените јазици.

Апостолов детално објасни како пожарникарите со „водени лепези“ се обидувале да ја намалат температурата за да можат да ги извлекуваат преживеаните до „црвениот тепих“, каде ги преземале екипите на брзата помош.

По пристигнување во 2:55 веднаш се упатив во објектот. Огнот беше распламтен внатре, гореше плафонот, шанкот и бината. Јас со млазот вода влегов внатре и правев лепеза од вода за да се намали температурата, да не не пеплоса огнот сите, додека останатите извлекуваа лица, појасни сведокот.

Командирот на територијалната противпожарна единица од Кочани, Драган Апостолов, денеска во судницата во Идризово даде потресен исказ за кобната ноќ во дискотеката „Пулс“. Тој појасни дека интервенцијата почнала во 2:55 часот, при што веднаш била побарана помош од соседните градови поради силината на огнот кој веќе ги зафатил плафонот, шанкот и бината.

Апостолов опиша дека гаснењето било исклучително тешко, а безбедносната опрема во самиот објект била нефункционална. Тој посочи дека и покрај заштитната опрема, и сам се здобил со изгореници поради екстремно високата температура.

Гаснењето беше многу отежнато. Пред тоалетот имаше сандаче хидрант, внатре имаше црево, но немаше вентил и не можевме да го користиме. Имаше и расфрлани употребени пп апарати од девет килограми“, изјави Апостолов пред судот.

Командирот рече дека најголемиот број починати и повредени биле пронајдени во тесниот ходник пред главната врата. По локализирањето на пожарот околу 4:30 часот, со дозвола на обвинител, биле извлечени уште три изгорени тела. Според неговото сведочење, кај задната врата на објектот немало настрадани лица, туку целиот метеж бил концентриран на главниот влез.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.