Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судење за убиството на Саздовски:Двајцата обвинети не чувствуваат вина

0
By Нова ТВ on November 9, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Обвинетите Бесим Беља и Скендер Демири денеска во Кривичниот суд се изјаснија дека не се чувствуваа виновни за убиство на свиреп начин на Никола Саздовски.

Јавниот обвинител Ангел Фидовски рече дека ќе докаже дека двајцата обвинетите заедно со третообвинетиот, кој е во бегство, со умисла го лишиле од живот Никола Саздовски на начин што на 29.6.2018 на автобуската кај „Алкалоид“ го претепале нанесувајќи му смртни повреди. Тие му побарале лична карта и го прашале дали тој е Саздо. Тој потврдил и почнале да го тепаат по што Саздовски  паднал на тротоарот, а обвинетите без милост со клоци продолжиле да го удираат по глава и градите. Саздовски бил префрлен на КАРИЛ, каде му била констатирана мозочна смрт, а на 9 јули починал.

Обвинителот рече дека ќе докажат дека обвинетите го сториле убиството за што имаат сведоци, но и вешти лица од судска медицина кои правеле обдукција на телото на Саздовски.

Во воведен говор адвокатот Насер Руфи рече дека обвинетиот Беља немал никаква намера, ниту умисла да го лиши од живот Саздовски и додаде дека ќе докажат дека единствена причина за смртта која настапила е поради металната кутија на ЕВН која се наоѓа на автобуската постојка.

Бранителот на Скендер Демири, Асмир Исмаиловиќ рече дека ќе докажат дека ваквото обвинение не може да опстане, бидејќи ако обвинетите му побарале лична карта и почнале да го тепаат…зошто Обвинителството не навело кој и какви дејствија презел. Според него, не е споменато дали делото е извршено со умисла или кој е мотивот. Адвокатите посочија дека  ќе докажат дека правната квалификација на делото е погрешна.

Доказната постапка почна со сведочење на Тони Саздовски, татко на убиениот Никола. Тој пред судот рече дека се приклучува кон кривичниот прогон.

По него почна да сведочи малолетничката В.Б., која беше видно вознемирена. Таа стави капа на главата и кажа дека добивала закани преку телефон. Судијката ја натера да ја симне капата, по што нејзиното сведочење беше прекинато за да реши судечкиот совет дали таа ќе сведочи јавно.

По кратката пауза судењето продолжи без присуство на јавноста.

По завршување на денешното прво рочиште, адвокатот на семејството на починатиот Никола, Ванчо Шехтански изјави дека е задоволен од исказот на девојката на Никола, која била на лице место кога се случил нападот.

-Според член 57 од Законот за кривично право, како полномошно на оштетените максимално ги користиме сите овластувања, максимално учествуваме во постапката. Задоволни сме од исказот на денешниот сведок и со оглед на тоа ги демантираме изјавите на одбраната дека смртта настанала поради железен предмет, кој бил поставен на автобуската, а не од ударите на напаѓачите. Исто така со исказот на сведокот се демантира и изјавата дека нападот траел само 1 минута, рече Шехтански.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.