Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судењето на каталонските лидери се претвора во медиумска битка

0
By Нова ТВ on February 10, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, February 10, 2019 17:12

Во вторник почнува судењето на 12 каталонски лидери во Шпанија пред Врховниот суд во Мадрид. Во 2017 година тие направија обид за отцепување на Каталонија и беa осудени за «побуна».

Над 600 новинари и 150 акредитирани медиумски куќи од целиот свет ќе го следат ова судење. Поборниците на независноста на Каталонија овој настан го гледаат како одлична можност светот да го убедат во правичноста на нивната борба, да покажат дека шпанското судство работи под притисок на шпанската влада и дека врз каталонските политичари се врши политички прогон.

«España Global» во промоција на имиџот на Шпанија

Шпанија очигледно нема намера тоа да го дозволи. Шпанското министерство за надворешни работи креираше посебен секретаријат, под името «España Global», кој има задача да го промовира имиџот на земјата во странство. Ова тело најави дека почнува кампања против «неоснованите обиди на движењето за независност».

«Нашата работа треба да се бори против лажните вести кои циркулираат околу судењето, сето тоа со солидни аргументи и проверени податоци», објаснува ова тело за агенцијата АФП.

«España Global» кампањата ја почна со видео на социјалните мрежи насловено «Ова е вистинската Шпанија» со англиски титл, во кое се потсетува на слободите што Шпанија ги гарантира и оценката што земјата ја има во индексот на американската невладина Freedom House во кој таа е на високото 94 место од можни 100.

Атмосферата во Шпанија се смени кога во јуни 2018 година на власт дојде социјалистот Педро Санчез. За министер за надворешни работи беше назначен Каталонецот Џозеп Борел.

Според «España Global», владата почнува нова етапа, сосема различна од онаа на претходната влада на десничарот Мариано Рахој. Така, министерството за правда и Врховниот суд организираа средби со странските новинари, пред се дописниците на странските медиуми во Мадрид и им дадоа пишани материјали во кои се зборува за заслугите на шпанското судство.

Минатата недела премиерот Санчез беше во Стразбург за да го брани шпанскиот судски систем пред Советот на Европа и Европскиот суд за човекови права, суд на кој несомнено ќе му се обратат каталонските лидери доколку во Шпанија бидат осудени.

Педро Санчез

И Каталонците имаат своја вистина

Напорите на Мадрид им даваат аргументи на каталонските борци за независност, убедени дека нивните лидери се «политички затвореници» и убедени дека судењето пред Врховниот суд во Мадрид нема да биде правично.

«Кога Владата на Шпанија се чувствува обврзана да води кампања на маркетинг и дезинформирање, тоа значи дека не се сигурни во себе», изјави неодамна Алфред Бош од министерството за надворешни работи на каталонската Влада.

Алфред Бош

Бош има намера во наредните денови да ги обиколи сите европски престолнини за да ја раскаже «вистината» за ова судење, а каталонската влада ќе им стави на располагање посебна сала во Мадрид за да можат да го следат судењето «без филтер». Каталонската телевизија, финансирана од каталонската влада, ќе го покрива судењето на англиски јазик за да муд аде «меѓународна димензија». Здруженијата на борците за независност како АНЦ или Omnium Cultural исто така влегуваат во кампања наменета за странство, со видеа на повеќе јазици.

Адвокатите на некои од обвинетите Каталонци побараа меѓународни набљудувачи за време на судењето, но Врховниот суд тоа го одби велејќи дека судењето е јавно и ќе биде директно пренесувано на телевизија.

Протести против Санчез

Од денешните протести во Мадрид

Ова судење стана дел и од денешниот протест на десничарските партии кои бараа оставка на социјалистичкиот премиер Санчез. Протестите ги организираа конзервативните опозициски партии Народна партија и Граѓани, а ги поддржа екстремната десничарска партија Вокс. За нив Сначез мора да замине бидејќи преговара со каталонските сепаратисти.

“Шпанската Влада работи на унитарноста на Шпанија”, одговори Санчез на овие обвинувања, додавајќи дека десницата и екстремната десница прават “Шпанија во црно и бело”:

“Она што јас го правам како шеф на Владата, почитувајќи го Уставот, е поправање на кризата во државата што Народната партија ја влоши додека беше на власт седум години”, рече Санчез.

Владата на Санчез во петокот ги прекина преговорите со каталонските сепаратисти, бидејќи тие, како што соопшти вицепремиерката Кармен Калво, не отстапија од своето барање да се одржи референдум за независност на Каталонија.

Каталонците одбија да го поддржат буџетот на Санчез, кој дојде на власт со поддршка на партиите на каталонските сепаратисти. Неговата Влада е малцинска. Доколку буџетот не биде усвоен, Санчез ќе мора да свика вонредни избори пред крајот на неговиот мандат кој истекува во 2020 година.

АФП и МИА

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.