Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судењето за настаните во Собранието од 27 април продолжува утре

0
By Нова ТВ on November 5, 2018 ПОЛИТИКА
Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 5, 2018 19:50

Во Кривичниот суд денеска, рочиштето за случувањата во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година, заврши со прикажување на видео-снимка од камера што се наоѓа во ходникот пред прес-центарот во Собранието. Судењето продолжува утре.

На снимката од пред прес-центарот во Собранието се гледа како Сашо Тасевски од собраниското обезбедување, кој е сведок во случајот, стои со двете раце испружени напред, а кон него доаѓаат лица со фантомки. Меѓу нив се и обвинетите Никола Митревски-Кољо и Стефан Младеновски. Во меѓувреме доаѓа и Дејан Давидовски, кој е во бегство.

По некое време се гледа како Тасевски го оттурнува Митревски, а Митревски го удира Тасевски.

Во холот се појавува и обвинетиот поранешен началник на МВР, Оливер Поповски, кој, како што истакна обвинителката  Ивана Трајчевска, гледа што се случува и не презема ништо.

На снимката се гледа како толпа се обидува да влезе во прес-центарот. Дел од лицата се со фантомки.  Се гледа како Митревски стои прв и пробува да се пробие напред, но таму стојат лица од обезбедувањето.

Се забележува движењето на поголем дел од обвинетите меѓу кои и Митревски, Младеновски, Давидовски, Митре Питроповски, Горанче Ангеловски, Илија Славески, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Игој Југ, Вилијам Михајловски и Мунир Пепиќ.

Се гледа како едно лице паѓа, како што наведе обвинителката, тоа е началникот на собраниското обезбедување Александар Јанковиќ. Се прави гужва околу него.

При гужвата се забележува како Игор Југ се пробива напред кон вратите на прес-центарот, Симовски се оттурнува наназад, а Михаил Младеновски фрла со шише.

Се гледа како пред вратите на прес-центарот се туркаат припадници на собраниското обезбедување и лица со фантомки.

Обвинителката Трајчевска, наведе дека на видео-снимката се забележува и обвинетиот поранешен член на собраниското обезбедување Абдуљфета Алими, кој како што истакна таа, стои и гледа и ништо не презема.

Откако толпата ќе успее да влезе во прес-центарот, се гледа постојано движење. Дел од обвинетите влегуваат и излегуваат од просторијата, како и останатите присутни. Се гледа како еден период сите гледаат нагоре и сликаат и снимааат со нивните телефони.

Се забележува и комуникација меѓу обвинетите. Јане Ченто се поздравува со некои од лицата кои се влезени во Собранието.

При излегувањето лицата кои се наоѓаат во прес-центарот ги повикуваат останатите, што се во холот, да влезат внатре.

Се појавува и пратеникот Никола Тодоров. Се создава гужва околу него.

За случајот „27 април“ се обвинети уште 32 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026
shortcut
ФОКУС
August 13, 2026Updated:August 13, 2026

Халкидики гори: Огнот ги лизна и куќите – Сивири и Фурка евакуирани

ВЕСТИ August 13, 2026

Грчките централни но и локалните власти велат дека мачно но сепак пожарот го имаат под…

Политико: Зеленски направи голема политичка грешка на Балканот

August 12, 2026

Европа заплисната од рекордни жештини – во ек е петтиот врел бран

August 11, 2026

ФЗО не ѝ попушта ниту на полицијата

August 11, 2026
ТИКЕР

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.