Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судењето за „Таргет-Тврдина“ одложено за 27 март

0
By Нова ТВ on January 17, 2018 ВЕСТИ
Фото Макфакс
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судењето за предметот “Таргет-Тврдина“, што  се однесува за незаконското прислушување и за уништување на опремата од прислушувањето, е одложено за 27 март.

Во овој предмет обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во притвор во Грција, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски.

Судијката Џенета Бегтовиќ на денешното рочиште рече дека согласно новиот распоред за работа на судиите во Кривичниот суд, на новиот судечки совет му е потребно време за да го проучи обемниот доказен материјал од предметот.

Бегтовиќ додаде дека судијата Горан Бошевски, кој е дел од петчлениот судечки совет поднел барање за изземање, бидејќи тој го оценувал обвинителниот акт за „Тврдина-Таргет“.

Судијката  Бегтовиќ рече дека обвинетите Валентина Симоновска и Маријан Шумоликоски до Судот доставиле листи на материјални докази кои на денешното рочиште им беа дадени на обвинителите на СЈО, Ленче Ристоска, Трајче Пеливанов и Артан Ајро.

Наредното рочиште е закажано за 27 март, до кога пак се очекува во земјава да бидат екстрадирани бегалците Горан Грујевски и Никола Бошковски, исто така обвинети во овој случај.

За „Таргет – Тврдина“ досега беше одржано само едно рочиште, на 22 декември. Судијката Ленка Давиткова тогаш го одложи судењето бидејќи, како што кажа, не се исполнети законските претпоставки за одржување на главната расправа.

Истрагата за предметот „Тврдина“ беше отворена на 29 март 2016 година, а за предметот „Таргет“ на 17 ноември 2016 година, а поради нивната поврзаност се споени во еден предмет. Обвинението е подигнато на 30 јуни 2017 година.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

одложено Таргет-Тврдина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025

Гори небодерот на „Вјесник“ во Загреб: Гаснењето ќе трае цел ден, без опасност од уривање

November 18, 2025

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025

Гори небодерот на „Вјесник“ во Загреб: Гаснењето ќе трае цел ден, без опасност од уривање

November 18, 2025

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.