Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судењето за „Тотал“ одложено за 3 октомври

0
By Нова ТВ on September 24, 2018 ПОЛИТИКА
Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судењето за предметот „Тотал“ на Специјалното јавно обвинителство се одложува за 3 октомври поради настаната промена на сопственичката структура на правното лице „Медијамакс“, кое заедно со новинарот Драган Павловиќ Латас и правните лица „Тотал маркетинг“ и „Тотал медиа центар“ се теретат за затајување на данок.

Пред почетокот на денешното рочиште, адвокатот претставник на „Медијамакс“  го извести судот дека настанала промена во сопственоста на правното лице и му престанува полномошното и неговите овластувања како бранител на друштвото во судскиот процес. Предложи денешната расправа да се одложи и судот да испрати известување до новиот застапник на друштвото.

Судијката Славица Наумова Јосифовска, кажа дека не се исполнети условите за одржување на денешната расправа, и судењето се одложува за 3 октомври, за кога треба да биде известен и запознаен новиот застапник на правното лице.

На денешното рочиште присутен беше првообвинетиот Драган Павловиќ Латас кој се терети за затајување на данок во висина од 121.414 евра преку правните лица „Тотал маркетинг“, „Тотал медиа центар“ и „Медиамакс“ и 63.032 евра како физичко лице.

Досега на рочиштето за предметот „Тотал“ беа презентирани 16 од вкупно 39 преслушани снимени аудио разговори од 2011 година предложени од СЈО.

Тотал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.