Во скопксиот кривичен суд денеска започнa судењето против пензионираниот судија, Александар Бошњаковски и неговиот син Стефан кои се терети за грабнување на малата Александра Бошњаковска.
Таа беше пронајдена пред една недела во такси-возило кај Маврови Анови, а со неа била нејзината баба Снежана. Полицијата за случајот поднесе кривични пријави против дедото, бабата, таткото и чичкото на Александра.
Тие се сомничат дека ја грабнале Александра од мајката, иако таа имала судска одлука за старателството врз девојчето.
Според полицијата, во јули 2011 година, додека Татјана Бошњаковска, поранешна сопруга на Стефан, била во Србија со нивната малолетна ќерка, дошле таткото на Стефан, Александар, и неговиот брат Мартин и со употреба на физичка сила и закана по живот ја одзеле нејзината малолетна ќерка и ја донеле во Македонија.
Денеска пред судот поранешниот судија Бошњаковски се пожали на несоодветните услови во затворот и потешкотии поради болест.
Првообвинетиот татакото Стефан пред Судот изјави дека не знаел што правел неговиот татко и жал му е што се наоѓа во ваква состојба, тој одлучил да се брани со молчење и побара да се брани од слобода, бидејќи како што рече може да ја загуби работата, поради што не ќе може да плаќа алиментација за неговата малолетна ќерка.




