Според плановите, соборениот претседател на Египет требаше да се соочи со судот под обвинение за поттикнување насилство и одговорност за смртта на демонстрантите кои протестираа против него.
Египетските власти соопштија дека судењето е одложено поради лошите временски услови, односно откажан е летот од затворот во северен Каиро. Како причина се наведува густата магла. Морси е во затвор близу Александрија.
Мохамед Морси и 14 други се соочуваат со обвинение за убиства пред претседателската палата во Каиро во декември 2012 година, кога најмалку 10 беа убиени и стотици повредени.
Тоа е едно од трите обвиненија со кој се соочува соборениот претседател. Сите обвиненија во себе ја содржат и смртната казна.
Мохамед Морси е првиот демократски избран претседател на Египет.