НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судиите вчудоневидени од кумановската судијка, ваков апсурден случај немало досега – климатизер да ѝ пресуди на јавноста

0
By НОВА ТВ Mitreska on June 16, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Да се отстрани од судско рочиште тужениот и претставникот кој е заштитник на човековите права затоа што во судницата не работел клима уредот или пак немало далечински управувач за да се активира е апсурд кој досега се нема случено во судската пракса, направена е суштествена повреда на Уставот и на одредбите од парничната постапка и е спротивно на законот според кој судовите се тие што ги штитат слободите и правата на човекот и на граѓанинот.

Законот предвидува во кои случаи може да се исклучи јавноста од судските процеси, но за тоа никако не може да биде причина далечинскиот управувач на клима уред, задушлива судница, нерасположен судија …, настрана што и кога судечкиот совет ќе донесе одлука да се забрани судското рочиште за јавноста има процедура како треба да постапи.

Овие реакции на судската фела ги поттикна Хелсиншкиот комитет за човекови права кој обелодени случај во кумановскиот суд квалификуваќи го како судски апсурд, затоа што судијката од тамошниот суд поради технички проблеми во судницата го исклучила од судењето не само претставникот на Комитетот за човекови права, туку и тужената странка, па така, велат засегнатите, e нaпaвeнa суштествена повреда на Уставот и на Законот за парнична постапка.

Колеги на судијката со кои контактиравме се воздржуваат од изјави и јавна осуда на нејзината постапка, додека случајот не добие епилог во Судскиот совет каде што преставка доставил и Хелсиншкиот комитет, а е информирана и претседателката на судот во Куманово.

Нова побара одговори како ќе постапи Судскиот совет и со какви мерки – опомена, суспензија, парична казна, разрешување на судијката ќе го санкционира прекршувањето на Законот за парнична постапка и на Уставот, но според одговорот оттаму овој случај најверојатно ќе се решава можеби на седница во септември затоа што Хелсиншкиот комитет најави доплнување на преставката, настрана што треба да се испочитува и постапката за разгледување преставки во советот:

– По добивањето на претставката од страна на Хелсиншкиот комитет таа се  заведува во архива и се доделува на еден од членовите на Судскиот совет. Потоа следува процес на анализа да се провери основаноста на претставката и на крајот членот на Судски совет реферира пред другите  членови на седница на Судскиот совет, на која се носи одлука дали и како  ќе се постапи во однос на претставката, односно каков став ќе заземе  Судскиот совет. Судскиот совет еднаш месечно, обично при крајот на месецот одржува посебни седници наменети за реферирање и одлучување во  врска со претставките кои пристигнуваат, вели за Нова Љубиша Арсиќ, портпарол на Судскиот совет.

Судскиот совет кога ќе одлучува за преставката на Хелсиншкиот комитет може да донесе одлука во зависност од тежината на прекршокот да ја преформулира преставката во барање за утврдување одговорност на судијката, може да изрече опомена, а може да одлучи и да го следи случајот и ако се повтори или ако се случи друго прекршување на законот или Уставот во текот на судскиот процес да изрече и порадикални мерки.

Судијката, како што тврди Хелиншкиот комитет, пред почетокот на подготвителното рочиште, кое се одржало на 25 мај 2022 година, ги информирала тужената и судската набљудувачка дека не смеат да присуствуваат на рочиштето, односно побарала во судницата да останат само полномошниците на странките.

– Со тоа судијката оневозможила нивно присуство, иако не донела решение за исклучување на јавноста, ниту пак ги образложила причините и основот за исклучувањето на јавноста и на странката. Рочиштето се одржало само во присуство на полномошниците, а пред неговото завршување, судијката побарала од полномошникот на тужената претставници од Хелсиншкиот комитет да не доаѓаат на судски мониторинг сѐ до конечно завршување на постапката, објаснуваат од Хелсиншкиот комитет.

Оттаму информираат и каков одговор добиле од в.д. претседателката на кумановскиот суд Снежана Манев, откако ја приложиле преставката за судијката.

– Судијата наведува дека на закажаното рочиште на 25.05.2022 година, во судница 47 во Основен суд Куманово е одржана расправата, при постоење на тешки временски услови- високи температури, загушливост во судската сала со оглед дека клима уредот во истата не можел да се стави во функција, а поради фреквентноста на судењата и пред ова судење, условите за судење во судницата биле крајно отежнати, со задушливост на воздухот, каде евидентна била тежината и исцрпеноста и на самите полномошници адвокати за застапување при судење, па поради вака отежнатите услови за работа, кои се рефлектирале на здравствената состојба, на рочиштето присуствувале само адвокатите, наведува в.д претседателката на кумановскиот суд.

Според изјавата на судијката, како што објаснуваат од кумановскиот суд, не било точно дека генерално била исклучена јавноста и дека на претставникот на Хелсиншкиот комкитет му било забрането да присуствува и на сите наредни рочишта.

– Од страна на в.д. претседателот на судот е констатирано дека во судницата 47 при Основен суд Куманово нема далечински управувач за активирање на клима-уредот во салата, по што се преземени мерки за во иднина да може да се врши негова активација, се наведува од одговорот од кумановскиот суд до Хелиншкиот комитет.

Инаку, начелото на јавност на судските постапки, членот 102 од Уставот и членот 292 став 1 од Законот за парнична постапка, расправите пред судовите се јавни и можат да присуствуваат сите заинтересирани полнолетни лица. Законот за парнична постапка предвидува и исклучување на јавноста во одредени ситуации пропишанисо Законот, но исто така членот 295 вели дека за исклучувањето на јавноста одлучува советот со решение кое мора да биде образложено и јавно објавено. Дополнително, во членот 343, став 2, точка 12 од ЗПП е предвидено дека исклучувањето на јавноста од главната расправа спротивно на законот е суштествена повреда на одредбите од парничната постапка.

Стојанка Митреска

Куманово Судијка Судски совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.