Претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев разговарал со претседателот на Судскиот совет Киро Здравев за тоа што ќе се случи со судските предмети што ги води судијата Осман Шабани ако биде избран за судија во Апелацискиот суд.

Осман Шабани конкурирал за едно од шесте судиски места во Апелацискиот суд Скопје, за што имаше расправа на последната седница на Судскиот совет која беше прекината.

Доколку Шабани биде избран за апелациски судија, сите негови предмети ќе почнат одново, заклучно со предметите „Монструм“, „Титаник“ и „ТНТ“ кој е пред изрекување пресуда кои ги покрена СЈО и за кои има висок јавен интерес.

Но, една од опциите е Шабани, ако биде избран, сепак да остане во судот уште 6 месеци за да ги заврши важните судски предмети кои сега ги води.