Автобус на ЈСП се судрил со приватен автобус утринава околу 8 часот на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје, спроти трговскиот центар „Три Бисери“. Од СВР Скопје за НОВА велат во судирот дванаесетмина се здобиле со телесни повредени.
Од Ургентниот Центар велат дека една повредена е препратена на КАРИЛ, двајца на клиниката на Максилофацијална клиника и на клиниката за уво, нос и грло, а уште еден од повредените најверојатно ќе биде препратен на Неврохирургија.
Останатите повредени се во „8-ми септември“, и на градската болница „Наум Охридски“ и во тек се прегледите.
Екипи на СВР извршиле увид на местото на незгодата, а автобусите се испратени на технички преглед.

