Published: Sunday, December 15, 2013 20:47
Два воза на железничката пруга Велес-Скопје се судриле денеска околу 18 часот. Има неколку повредени кои веднаш биле пренесени во Клиничкиот центар во Скопје, а останатите чекаат превоз за да им биде укажана лекарска нега. Едниот бил товарен, а другиот воз полн со патници, јавува „Република“.
Кога се судриле двата воза, едниот од нив исклизнал од шините.
Велешката полиција ја потврдува информацијата, а на местото на несреќата се очекува да пристигнат јавен обвинител и увидна екипа на СВР Велес.




