На новинарите, новинарските здруженија и граѓаните не им беше дозволено да се доближат до зградата на Музејот македонската борба, иако протестот беше најавен уште вчера. Тие беа спречени со поставени огради околу зградата, но и физички од страна на полицајците – со пресретнување, оттурнување со своите штитови и со извлечени пендреци од страна на полициските сили.
Неколку специјални единици и други припадници на полицијата беа насекаде околу Музејот на македонската борба.
* хронологија на настаните од протестот
Ова е прв ваков протест по изрекувањето на 4,5 годишна казна затвор на новинарот Кежаровски, предходно повеќе пати новинарите на протест пред судот бараа тој да биде ослободен од притвор и да се брани од слобода.
Иницијативниот одбор за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски повика на мирен протест денес во 12.05 пред Музејот на македонската борба за државност и самостојност.
„Ниту еден текст напишан во „Репортер 92“ не беше демантиран. Заштитениот сведок, не знам кога стана заштитен иако сум бил кај него дома и имам разговарано со неговото семејство, каде ми објаснуваше за полициските тортури кои ги доживувал и притисоците под кои давал исказ во полиција“, се дел од завршните зборови на новинарот Томислав Кежаровски во судница.




