Украинските власти соопштија дека колоната од „неколку десетици“ оклoпни транспортери и тенкови влегла од Русија на југот, кај Азовското море и дека се во тек борби со украинските граничари.
Како што изјави портпаролот на силите за безбедност на Украина, Леонид Матјухин за АФП, конвојот го запреле граничарите и во тек е судирот.
Инаку Москва ќе испрати уште еден хуманитарен конвој во Украина и за тоа го известила и Киве, изјави денеска шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, не колку дена по влегувањето на првиот конвој со помош минатиот викенд.

