Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судири на полицијата со цивили поради смртта на момчето во САД

0
By Нова ТВ on August 16, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 16, 2014 19:15

Околу 200 демонстранти се судрија со полицијата во американскиот град Фергусон, Мисури, по новите улични протести поради убиството на 18-годишно момче од страна на полицаец во градот пред една недела, пренесоа американските медиуми.

Во изминатата ноќ демонстрантите упаднаа во продавница, каде почнаа да пленат и уништуваат.Реакцијата беше одговор на полицијата која објави дека има докази дека непосредно пред да биде застрелан црнецот Мајкл Браун украл кутија со пури во вредност од околу 50 долари од продавницата и на излез се заканил на еден човек еден човек.

Демонстрантите почнаа да гаѓаат со камења и други предмети, полицијата одговори на сигналот за немири и еден полицаец е повреден. За да се намали напнатоста, полицајците се повлекле без да уапсат никого. Грабежите прдолжиле и во други продавници.

Роднините на Браун тврдат дека со објавувањето на компромитирачки информации за убиениот, полицијата се обидува да влијае на проценката на судот во случајот.

На вчерашната прес-конференција полицискиот шеф на Фергусон Томас Џексон соопшти дека на денот на фаталниот инцидент – 9 август – Мајкл Браун и неговиот пријател Доријан Џонсон извршиле кражба на пури од продавница во градот.

“Ју Ес Еј тудеј” пренесува дека секоја година околу 100 црнци во Фергусон, Мисури, се убиени од полицијата.

Според податоците на ФБИ, кои се обезбедени од локалните спроведувања на законот, при различни инциденти полицијата во Фергусон убива околу 400 жители, меѓу кои 96 црнци. Од нив, околу 18 проценти се на возраст под 21 години.

„Оваа статистика покажува дека убиството на младината на црнците минатата недела далеку е од осамен случај. Судејќи според овие податоци слични инциденти имаат масовен карактер”, забележува весникот.

Во Фергусон, кој е предградие на Сент Луис, во последните денови избувнаа немири поради убиството на 18-годишниот црнец Мајкл Браун од полицаец.

Според полицијата Браун нападнал полицаец во неговиот автомобил и се обидел да му го земе пиштолот. Според сведоците полицаецот пукал во Браун, иако тој кренал раце, за да покаже дека не е вооружен.

Фергусон има население од околу 21 000 лица, а 60 отсто од нив црнци.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 30, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

ВЕСТИ June 30, 2026

Македонската репрезентативка, членка на Велосипедскиот клуб „Енерџи“ и актуелна државна шампионка во планински велосипедизам, Дуња…

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.