Неколку луѓе беа повредени во судирите меѓу демонстрантите и полицијата за спречување безредија во украинскиот главен град Киев, јавува Би-Би-Си.
Поранешниот министер за внатрешни работи и водечката опозициска фигура Јуриј Лученко е меѓу оние кои се повредени.
Насилството изби откако тројца активисти претходно беа затворени заради наводен терористички заговор.
Немирите се одржаа во услови на анти-владините протести против одлуката на владата да се повлече од значајниот договор со Европската унија.
Наместо тоа, претседателот Виктор Јанукович постигна договор со Русија во декември, со што има големо намалување на цената на увозот на гас од Русија.
Москва исто така ги поддржа финансиите на Украина со купување на $ 15 милијарди државни обврзници.