Најмалку три лица загинаа во судири меѓу полицијата и демонстрантите во украинскиот главен град Киев, јавува Си-Ен-Ен.
Обвинителите потврдија дека починале од рани од куршуми, како што известува Би-Би-Си. Тие се првите жртви од почетокот на протестите во ноември по отфрлањето на планираниот договор со ЕУ на Владата на Јанукович.
Судирите во среда започнаа откако полицијата тргна во уништување на протестниот камп.
Претседател Виктор Јанукович, наводно, ќе има средба со лидерите на опозицијата подоцна, за да разговараат за кризата.
Судиритете започнаа кога новите анти-протестни закони влегоа во сила. Парламентот ги одобри законите минатата недела, предизвикувајќи обновување на протестите, кои предизвикаа насилство во неделата вечер.