Протестите организирани од Муслиманското братство донесоа нови судири меѓу полицијата и војската од една страна и следбениците на симнатиот од власт претседател Морси од друга страна.
Во брбите во петокот животот го загубиле 80 луѓе, а ситуацијата беше напната цела ноќ.
Оцевидците тврдат дека околу 1000 демонстранти ја зазеле џамијата и дека поставиле барикади на влезовите за да се одбранат од војската и полицијата. Новинската агенција Мена тврди дека од џамијата било пукано врз полицијата.
Според приватниот канал Al Hiwar војската влегла во џамијата и разговарала со демонстрантите и им ветувале сигурен излез од џамијата.
Докторот кој е внатре во џамијата за SNN изјавил дека војстката е подготвена да ги пушти жените, а мажите ќе ги уапси. На телевизиските снимки пред џамијата се гледаат оклопни возила.
Војската во текот на ноќта се судрила со вооружените бандити кои се обидувале за урнат хеликоптери.
Власта трди дека синоќа биле уапсени над 1000 исламисти.