Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судот глув на многубројните реакции за случајот „Кежаровски“

0
By Влатко Чаловски on October 21, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 21, 2013 12:19

Обединетите Нации, ОБСЕ, Меѓународниот ПЕН, Регионалните здруженија на новинари, како и домашните новинарски здруженија (ЗНМ, ССНМ… ) многупати реагираа до македонските институции да му се дозволи на новинарот Кежаровски да се брани од слобода, но реакциите не беа доволни – новинарот Томислав Кежаровски е осуден на четири години и шест месеци затвор поради објавувањето на идентитетот на заштитениот сведок во случајот „Ореше“. Претставниците на медиумите од земјата и од странство го нарекоа случајот – преседан.

Воедно, последното писмо од Меѓународен ПЕН упатено до министерот за правда, Беџети, бараше разјаснување на обвиненијата, бидејќи, како што посочија оттаму, според нивните сознанија, откривањето на идентитетот на сведокот во 2008 година, се одвивало во време кога тој немал статус на „заштитен сведок“.

Притворот на новинарот Томислав Кежаровски беше продолжен во 5 наврати. Тој зад решетки помина повеќе од четири месеци. Како репортер на скопскиот дневен весник „Нова Македонија“, тој беше уапсен на 29 мај 2013 година за наводно откривање на идентитетот на заштитен сведок, кога во два наврати тој пишуваше за случај на убиство, што беше објавено од магазинот Репортер 92 во 2008 година.

За неговиот случај се огласи и Премиерот на Македонија, кој на писмо на претставничката на ОБСЕ за слободата на медиумите, Дуња Мијатовиќ, одговори дека тој немал никакво влијание врз судството во земјата. Мијатовиќ, неодамна изјави дека Македонија е единствена земја во регионот каде што новинар е во затвор поради неговото пишување. Тврдењата на премиерот Никола Груевски дека Владата нема ништо со случајот на притворениот новинар Томислав Кежаровски и дека тоа е работа на судството беа неприфатливи за претставничката на ОБСЕ.

-Случајот со Томислав Кежаровски кој веќе петти месец е во притвор поради негово пишување во Македонија е преседан, потенцираше Мијатовиќ.

Здружението на новинари на Македонија, како и Синдикатот на новинари во неколку наврати реагираа за продолжувањето на притворот на Кежаровски. Тие најостро ја осудија одлуката на Кривичниот совет на Основниот суд во Скопје, за продолжувањето на притворот за новинарот Томислав Кежаровски по петти пат. ЗНМ упати иницијатива до министерот за правда Блерим Беџети, за ослободување од гонење на новинарот Кежаровски, врз основа на член 84 од Уставот на Република Македонија и член 1-а и член 3.

Рекација имаше и од Меѓународната федерација на новинари (IFJ) и нејзиниот европски отсек, Европската федерација на новинари (EFJ), кои ги одудија продолжувањата на притворот во пет наврати.

„Ние сме многу загрижени поради продолжувањето на притворот за нашиот колега Томислав Кежаровски и безрезервно ја осудуваме одлуката на судот во Македонија да го задржи дополнителни 30 денови“, изјави тогаш претседателот на IFJ, Џим Бумелха.

Во ексклузивно интервју за НОВА, Франк Ла Ру, специјалниот известувач на ОН ги охрабруваше судовите да го ослободат Кежаровски. Според него важно е да се гарантира слободата на изразување и слободата на печатот.

Во меѓувреме, по завршувањето на судењето, новинарот Томислав Кежаровски потенцираше дека не загрозил ничиј живот, а во затвор е само поради вршењето на својата должност како новинјар.

„Немам загрозено ничиј живот, само ја извршував својата новинарска работа. Преку моите текстови открив како функционира судството и како функционираат структурите во МВР“, беше објаснувањето на Кежаровски. И адвокатот Филип Медарски, бранител на обвинетиот Кежаровски побара новинарот да биде ослободен од обвинението бидејќи со осуда би се прекршил членот 10 од Европската конвенција за човекови права и член 16 од Уставот на Македонија.

Помеѓу политичките партии, и СДСМ и Либералната партија го повикаа Министерот за правда, во рамките на своите законски надлежности, да поведе постапка за помилување на новинарот Томислав Кежаровски.

Реагираа и писатели, академици, новинари. Македонскиот режисер Слободан Унковски во своја колумна изрази поддршка за иницијативите за укинување на мерката притвор на новинарот Кежаровски.

За време на четири-месечниот престој на новинарот Томислав Кежаровски во затвор, реакции стигнуваа од секаде, а одговори даваа институциите во земјата.

За министерот Беџети, по прашањето за долгиот притвор за новинарот Кежаровски и целиот процес „Ликвидација“, од страна на новинарската фела, изјави:

– Во случајот Кежаровски не се работи за слобода на мисла, на говор итн, туку се работи за конкретен случај, кој исто така е чувствителен, се надевам дека сите ќе се согласиме дека е чувствителен. Никој во државава не треба да пристапува спротивно од законите, ниту функционер, ниту новинар, писател итн. Да беше за слободата на мисла, на говор, тогаш тоа ќе беше сосема поинаку, но имајќи предвид дека пред извесно време ние пристапивме кон декриминализацијата, нема потреба од дебатирање. Сите знаеме дека се работи за сосема друг случај, доста чувствителен, во кој се обвинети повеќе лица.

Беџети ги отфрли меѓународните и домашни реакции и повиците за ослободување на Кежаровски.

– Барањето за аболиција на новинарот Томислав Кежаровски е преседан во овој момент од судската постапка, која е пред крај, рече Блерим Беџети, министерот за правда.

Министерот Беџети смета дека Томислав Кежаровски одговара за тешко кривично дело, а не за објавен текст.

Случајот „Ликвидација“, во кој судии, адвокати и обвинители се обвинети за примање поткуп, злоупотреба на службена положба и овластување, започна на 9 август. Тогаш судијата истакна дека во интерес на забрзување на постапката и фактот дека сите обвинети се во притвор, и ќе настојува случајот да се води праведно и без одлагања.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 15, 2026Updated:August 15, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

ВЕСТИ August 15, 2026

Македонската репрезентација забележа одличен настап на Балканското првенство во Планински велосипедски маратон – МТБ, што…

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

August 14, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.