Published: Tuesday, June 23, 2015 19:07
Граѓаните кои ги тужеа компанијата „Балкан Енерџи Груп“ и Регулаторната комисија за енергетика за загубија заедничката тужба. Денеска Судот ја одби тужбата на 260 граѓани поради, како што ги информирале, нецелосна документација. Во судот не се појавил ниту нивниот адвокат, а тие најавија ангажман на нов адвокат со кого повторно ќе пробаат да го вратат предметот на Суд. Граѓаните тужеа поради тоа што добивале сметки за парно иако не го користеле.
Со Правилникот за снабдување со топлинска енергија којшто се донесе пред речиси 3 години надоместок за парно мораа да плаќаат и оние граѓани кои се исклучуваа од системот.




